Пазар (град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пазар
Γιαννιτσά
Местоположба
Пазар се наоѓа во Грција
Пазар
Координати 40°47′ СГШ 22°24′ ИГД / 
Управа
Држава: Грција
Област: Западна Македонија
Округ: Пела
Население (2001)[1]
 - Население: 26.296 жит.
Друго
Часовен појас: EET/EEST (UTC+2/3)
Надм. височина: 42 м
Пошт. бр.: 581 00
Повик бр.: 23820-2
Рег. табл.: EE
Портал
giannitsa.gr/

Пазар или Ениџе Вардар (грчки: Γιαννιτσά, Јаница; турски: Yenice Vardar) — град во средишниот дел на Егејска Македонија, во западниот дел на Солунското Поле, западно од реката Вардар. Припаѓа на префектурата Пела во периферијата Централна Македонија. Градот се наоѓа северозападно од Солун, на патот помеѓу Солун и Воден.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 17 век било забележено дека во Ениџе Вардар мнозинството биле Македонци, а имало и голем број Турци.[2] Во 1903 година, во градот Пазар биле забележани 9.599 жители, во најголемото мнозинство Македонци и Турци и помал број на Грци, Власи и Роми.[се бара извор] По поделбата на Македонија од 1913 па сѐ до 1922, од градот и целата негова околина биле целосно насилно иселени Македонците и Турците, а на нивно место биле доселени Грци од Мала Азија[се бара извор]. Денес градот брои 26.296 жители, во најголемо мнозинство Грци. Не е познат податок дали во градот сѐ уште живеат Македонци. Поради самата местоположба во плодната алувијална рамнина на Солунското поле, главна стопанска гранка на градот и околината е земјоделството, посебно житните култури. Исто така застапени се индустријата и малостопанството.

Бргу пристигнавме во гратчено Вардар Јениџе. Таму сe живо беше раздвижено, затоа што сите беа во подготвување за панаѓурот, кој се одржува секоја година и трае осум дена...

"Турскиот град во внатрешноста е следбеник на нему блискиот старомакедонски главен град и од него тој ја наследил градската сила и годишниот панаѓур. Со тоа Јениџе не е ништо друго, туку поместена Пела"[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Подробни резултати од пописот во 2001 г. PDF (39 МБ) (грчки) (англиски)
  2. 1798, год., Конгресна библиотека во Вашингтон, Оддел за ретки книги сигнатура Г 160. Л 317, 1816 год. цит. според Александар Матковски, цит. дело
  3. "Reise von Belgrad nach Salonika", J.G.V. Hahn, Wien, 1868, стр. 200.