Пилорик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пилорик
Πενταπλάτανος
Старата македонска църква „Св. Атанас“ од почетокот на XIX век
Старата македонска църква „Св. Атанас“ од почетокот на XIX век
Пилорик is located in Грција
Пилорик
Пилорик
Местоположба во областа
Пилорик is located in Постол (општина)
Пилорик
Местоположба на Пилорик во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°49.8′N 22°25.9′E / 40.8300° N; 22.4317° E / 40.8300; 22.4317Координати: 40°49.8′N 22°25.9′E / 40.8300° N; 22.4317° E / 40.8300; 22.4317
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПазар
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население (проц. за 2019 г.[1])
 • Вкупно1.015
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Пилорик (грчки: Πενταπλάτανος, Пендаплатанос, книжевно: Πενταπλάτανον, Пендаплатанон; до 1927 г. Πυλωρίκ, Пилорик[2], до 1954 г. Πηλορύγι, Пилориги[3]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Според проценка од 2019 г. местото брои околу 1.015 жители.[1] До 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, кои денес се малцинство.[4] Денес не важи за самостојно село, туку се вбројува во градот Пазар како негова населба.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во јужното подножје на планината Пајак, 2 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар). Поради близината до градот, со време станало негово предградие и добило урбан карактер.

Историја[уреди | уреди извор]

Праисторија[уреди | уреди извор]

Во околината на селските гробишта има праисториска населба, која во 1986 г. е прогласена за културно-историски споменик.[5]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Друг поглед на старта црква.

Во XIX век Пилорик е забележано како чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Според Николаос Схинас, во средината на на 1880-тите Пилорики (Πυλωρίκη) било село со 30 христијански семејства.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Пилорик броел 166 жители Македонци.[7][8]

По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пилорик (Pilorik) имало 216 Македонци, сите под егзархијата.[7][10] Во селото работела бугарската пропаганда со едно училиште.

Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г напишал за селото:

Пилурик, 13 /III, 1 ч. од Радомир. 31 македонски егзархиски куќи: 5 свои, 25 чифлигарски. Сега селаните откупуваат уште 3 куќи со 276 погони земја за 510 лири. Се издржуваат од земјоделство, лозарство и бубарство. Черквата засега затворена, има 20 погони земја, 4 погони дудова градина и 3½ погони лозје. Училиштето (вакуф) е двокатно, долу — подрум, горе — трем и две простории. Училницата е таваносана, добро осветлена, голема 5×6×3 метри. Салонот е отворен.[11]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Πιλορίκιον) има 219 егзархисти.[6][12]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото имало 35 македонски христијански куќи.[4][6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во Првата балканска војна селото е окупирано од грчката војска. Бугарските цркви и училишта се затворени.[13] Истата 1912 година е заведено како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. Во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 291 лице,[4] од кои 159 мажи и 132 жени.[6] На пописот од 1920 г. Пилорик имал 263 жители.

По 1924 г. властите насилно иселиле 132 жители во Бугарија,[4] (30 семејства во Горен Воден, денес во Асеновград)[14]) и на нивно место довеле грчки. Одземени се 44 имоти на преселените жители.[6] Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано со 252 жители,[4] од кои 180 биле дојденци (45 семејства).[15] Претходната 1927 г. е преименувано во грцизираниот облик Пилориги, а во 1954 г. му е дадено сосем грчкото име Пендаплатанон.[16]

Во 1940 г. Пилорик веќе имал 569 жители поради меѓувремено сместување на дополнителни грчки колонисти. Според статистиката на НОФ, во 1927 г. во селото имало 185 Македонци, 17 Власи, а останатие биле грчки дојденци.[4] Во следните десетлетија населението се зголемило уште повеќе, и наизменично растело и опаѓало, а потоа доживеало и позасилен развој. Пописот 2001 г. е последниот на кој Пилорик се води како самостојно село со 956 лица, за да биде припоен кон Пазар во следното десетлетие. Се претпоставува дека денес има околу 1.015 жители,[1] иако повеќе не се брои посебно.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 569 680 719 620 746 813 956
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Иако има градски карактер поради близината до Пазар, населението сепак се занимава со одгледување на жито и памук, а делумно е застапено и сточарството.[4]

Цркви[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Божин Ѓорев (1875 – ?) — борец во Балканските војни од четата на Иван Паљошев[17]
  • Димо Ат. Дараданов — деец на Илинденската организација во Несебар[18]
  • Јоанис Андраманос (Ιωάννης Ανδραμάνος) — гркомански андартски деец, четник[19]
  • Велика Ромова (Πασχαλίνα Ρώμα, Пасхалина Рома, ? - 1904) — гркоманка, андарстски деец од III клас[19], учителка вo селото, убиена од ВМРО, ќерка на Антон Касапов, претседател на грчкиот комитет во Пазар[20]
  • Трајан (Трае) Иванов (1876 – ?) — борец во Балканските војни[21]
  • Христо Атанасов — борец во Балканските војни од четата на Ичко Димитров, Штипска дружина[22]
  • Христо А. Митонов (1879 – ?) — борец во Балканските војни од четата на Иван Паљошев[23]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Пилорик на GeoNames
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πυλωρίκ -- Πηλωρύγι
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πηλορύγιον -- Πενταπλάτανον
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 76.
  5. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α/Φ17/61673/2300 π.ε./31-1-1986 - ΦΕΚ 34/Β/13-2-1986“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 24 јуни 2018.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 10 јули 2019.
  7. 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  9. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.126.
  10. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  11. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските бълтарски училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 85.
  12. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  13. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 184
  14. Филипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр.94
  15. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  16. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  17. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 192.
  18. Бабев, Иван. Помним делата ви, НСА Прес, 2013 г., стр.76.
  19. 19,0 19,1 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 129. ISBN 978-960-12-1724-6.
  20. Бабев, Иван (2013). Помним делата ви. НСА Прес. стр. 201.
  21. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 302.
  22. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 72. Веројатно истоветен со Христо А. Митонов.
  23. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 452.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]