Елевтерохори (Ениџевардарско)

Координати: 40°52.59′N 22°22.29′E / 40.87650° СГШ; 22.37150° ИГД / 40.87650; 22.37150
Од Википедија — слободната енциклопедија
Елевтерохори
Ελευθεροχώρι
Елевтерохори is located in Грција
Елевтерохори
Елевтерохори
Местоположба во областа
Елевтерохори во рамките на Постол (општина)
Елевтерохори
Местоположба на Елевтерохори во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°52.59′N 22°22.29′E / 40.87650° СГШ; 22.37150° ИГД / 40.87650; 22.37150
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостолски
Општ. единицаПазар
Надм. вис.&10000000000000360000000360 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно183
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Елевтерохори (грчки: Ελευθεροχώρι) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол во областа Централна Македонија, Грција. Создадено е од грчки доселеници во XX век,[2] а денес населението брои 183 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на јужните падини на планината Пајак, 10 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е основано во 1924 г. од Грци доведени од Турција близу некогашното македонско село Железово. За првпат официјално се спомнува следната 1925 г.[2] Во пописот од 1928 г. се води како село од мешан етнички состав, со вкупно 173 жители; од нив 148 (50 семејства) биле дојденци, а 25 лица биле староседелски Македонци,[3] кои веројатно имале врска со Железово. Во пописот 1940 г. во Елевтерохори се заведени 234 жители, од кои сите биле дојденци, што значи дека малубројните Македонци веројатно се иселиле.

Елевтерохори е изгорено од германски единици во 1944 г. за време на Втората светска војна. Неговото население е повторно повлечено зимата 1947 г. во Грчката граѓанска војна, кога властите ги сместиле неговите жители во ниските села.[2] По војните, селото не било обновено во дотогашниот облик, и затоа било отпишано во пописите од 1951 и 1961 г.

Во 1971 г. повторно се јавува како постоечко, но само со 1 жител. Во следниот период, Елевтерохори почнало полека да се обновува појужно, во пониските делови. Така во 1981 г. се попишани 15, а во 1991 г. 27 жители.[2] Пописот од 2001 г. бележи значаен пораст на 93 жители, што значи дека имало доселување од околината. Во следните години населението се удвоило, така што во 2011 г. Елевтерохори имало 183 жители.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 234 0 0 1 15 27 93 183
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 68.
  3. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.