Обор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Обор
Αραβησσός
Обор is located in Грција
Обор
Обор
Местоположба во областа
Обор is located in Постол (општина)
Обор
Местоположба на Обор во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.37′N 22°18.6′E / 40.83950° СГШ; 22.3100° ИГД / 40.83950; 22.3100Координати: 40°50.37′N 22°18.6′E / 40.83950° СГШ; 22.3100° ИГД / 40.83950; 22.3100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаКир
Надм. вис.&1000000000000005000000050 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.398
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Обор или Омбар (грчки: Αραβησσός, Арависос; до 1926 г. Όμπαρ, Обар[2]), на турски: Дерменџик — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.398 жители (2011). Сè до Првата светска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во Солунското Поле, во подножјето на планината Пајак, на 13 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Антика[уреди | уреди извор]

Јужно од селото, на местото на поранешното село Градиште, се наоѓаат рушевините на древномакедонскиот град Кир.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На почетокот на XX век Обор било мало селце во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Обор (Дерменлик) броел 21 жител, сите Македонци.[5][6]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 10 жители. Во текот Првата светска војна тука се доселиле поголем број Власи од селото Голема Ливада, па во 1920 г. Обор броел 111 жители, од кои поголемиот дел биле влашки преселници.[3] Во 1924 г. властите изградиле нови живеалишта и во селото довеле туркојазични грчки колонисти од Турција. Едни биле Караманлии од селата Арависос и Енехил, други биле тракиски Грци од Тајфир (Тајфурќој) во Галиполско, а трети од Галата во Цариград.[7] Во 1926 г. името на селото е сменето во Арависос. Во 1928 г. во селото се заведени 1.454 дојденци од 408 семејства,[8] а според Тодор Симовски селото таа година имало 1.207 лица, заедно со малубројните македонски староседелци.[3]

Во 1940 г. Обор броел 1.437 жители. За време на Втората светска војна грчките дојденци како колаборационисти му нанеле големи зла на македонското население во сето Ениџевардарско, а истото важело и во Граѓанската војна, застанувајќи на страна на монархистичката власт, поради што претрпеле големи загуби од ЕЛАС и ДАГ. Според статистиката на НОФ, во 1947 г. во селото имало 12 Македонци, 100 Власи, а сите останати биле грчки дојденци.[3]

И покрај загубите, по војната во 1951 г. селото имало 1.444 жители и продолжило да се развива и во понатамошните десетлетија.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.437 1.444 1.691 1.456 1.510 1.512 1.514 1.398
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Бидејќи е полупланинско, Обор има ограничени обработливи површини. Дел од земјиштето се наводнува од истоимената река Обор која извира под селото. Главни производи се овошјето, пченицата, памукот, тутунот и др. Застапени се и овчарството и краварството.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όμπαρ -- Αραβησσός
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. p. 76.
  4. Αναστασοπούλου, Φωτεινή. "Αρχαία Κύρρος". Golden Greece. Посетено на 22 јуни 2018.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. p. 146. ISBN 954430424X.
  7. Обор на сайта на Дем Кирос
  8. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928