Рамел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рамел
Ραχώνα
Рамел is located in Грција
Рамел
Рамел
Местоположба во областа
Рамел is located in Постол (општина)
Рамел
Местоположба на Рамел во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°42.42′N 22°13.1′E / 40.70700° СГШ; 22.2183° ИГД / 40.70700; 22.2183Координати: 40°42.42′N 22°13.1′E / 40.70700° СГШ; 22.2183° ИГД / 40.70700; 22.2183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПостол
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно586
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Рамел или Рамил (грчки: Ραχώνα, Рахона; до 1926 г. Ράμελ, Рамел[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 586 жители (2011). До 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во северозападниот крај на Солунското или Ениџевардарското Поле. Лежи 11 км источно од Пазар (Ениџе Вардар).

Историја[уреди | уреди извор]

Праисторија[уреди | уреди извор]

Североисточно од Рамел е откриена населба од бронзено и железно време, наречена Рамелска праисториска населба, прогласена за заштитен археолошки споменик.[4]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Храмел како македонско село.[5][6]

Во последните десетлетија на XIX век се направени обиди за воведување на бугарската пропаганда во селото, но истите биле осуетени од дејците на грчката пропаганда, кои тогаш биле помоќни. Во мај 1880 г. главешината на Рамел е уапсен од кајмакамот, бидејќи одел по селата да собира потписи за молби до бугарскиот егзарх Јосиф I. Како последица од тоа се уапсени главешините и старешините на неколку пазарски села, и од нив е побарано рачателство дека се доверливи, кое би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги придобие селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково и да ги стави под грчката црква — Цариградска патријаршија.[7]

Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Рамел (Ράμελι, Рамели) било село со 25 христијански семејства.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Рамел имал 200 жители Македонци христијани.[9][10] Во 1906 г. прогрчкото маало во селото е изгорено како одговор на андартскиот напад на Куфалово. Прогрчките семејства се преселиле во Постол и Паар, а дел од нив се вратиле во селото по Младотурската револуција[11].

По илинденскиот период, целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија и бугарската пропаганда нашла поповолни услови за работа. По податоци ан егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Рамел (Ramel) имало 144 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[9][12]

По податоци егзархијата, во 1910 г. Рамел било чифлигарско со 92 семејства од 175 жители Македонци и една црква.[9][13]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото (Ремељ) се состоело од 28 македонски куќи,[3] што делува премалку.

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во 1912 г. Рамел е заведен како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 233 жители, од кои 125 мажи и 108 жени.[8] Во 1920 г. тие се зголемиле на 265 лица.[3] Во 1924 г. сите жители (официјално 63 лица) се иселени во Бугарија, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Понд и Источна Тракија.[3] Во 1926 г. името на селото е сменето во Рахона. На пописот од 1928 г. Рамел е претставен като чисто дојденско село со 454 грчки жители (122 семејства)[14] иако прашање е дали навистина не останале Македонци со оглед на тоа што властите иселиле само 63 лица.

Во 1940 г. селото се зголемило на 625 жители и продолжило со умерен демографски развој и во следните десетлетија.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 625 751 701 667 646 691 626 586
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото произведува претежно жито, тутун, памук и овошје. Делумно е застапено и сточарството.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Григор Дамбулов (Дамбулта, 1862 - 1942) — курир и селски војвода на ВМРО
  • Кочо Рамилски — курир и капетан на грчка вооружена чета[15]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράμελ -- Ραχώνα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 78. 
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ17/43351/2102/6-11-1990 - ΦΕΚ 769/Β/5-12-1990“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. конс. 25 јуни 2018. 
  5. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда[се бара извор].
  6. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  7. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877 – 1878. Том първи, книга първа, стр. 354.
  8. 8,0 8,1 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. конс. 15 јули 2019. 
  9. 9,0 9,1 9,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_03.htm. 
  11. Бабев, Иван. Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр.159
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 102 – 103.
  13. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61 – 69.
  14. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  15. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр.253