Плугар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Плугар
Λουδίας
Плугар is located in Грција
Плугар
Плугар
Местоположба во областа
Призна is located in Постол (општина)
Призна
Местоположба на Призна во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°44.28′N 22°18.28′E / 40.73800° СГШ; 22.30467° ИГД / 40.73800; 22.30467Координати: 40°44.28′N 22°18.28′E / 40.73800° СГШ; 22.30467° ИГД / 40.73800; 22.30467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Надм. вис.&100000000000000070000007 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Плугар (грчки: Λουδίας, Лудијас; до 1926 г. Πλούγαρ, Плугар[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Постоело сè до 1935 г.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Сланица во Солунското Поле, на западниот брег на денес пресушеното Ениџевардарско Езеро, меѓу селата Врежот на југ и Кадиново на север.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

В XIX век Плугар било етнички мешано село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Плугар броел 70 Македонци христијани и 30 Роми.[3][4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Плугар (Plougar) имало 120 Македонци под Цариградската патријаршија (грчката црква).[5]

На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:

На 20.05 со цел само да задржам некои, за да им дадам напатствија да му се вратат на православието [мислејќи на Цариградската патријаршија], тргнав за селото Јанчишта. Но не успеав да задржам никого, и убив еден од оние што сакаа да избегаат. Потоа отидов во Призна и се занимавав повеќе со тоа да ги заплашам луѓето, и со тоа да ги убедам дека селата од Сланица треба да ѝ се вратат на православната вера [Патријаршијата]. Имав добар резултат со селата Балџа, Кариотица, Призна, Вреж, Плугар, Пласна, Голо Село и Власи.[6]

Селото почнало да се распаѓа уште пред Балканските војни поради постојаното поплавување од водите на Ениџевардарското Блато.

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 47 жители, а во 1920 г. опаднало на 28 лица.[2] Во 1926 г. името му е сменето во Лудијас — грчкото име на реката Колудеј. Со отпочнувањето на мелиоративните работи при исушувањето на Ениджевардарското Блато во 1930-тите, населението било приморано да се пресели во недалечното село Кадиново, а помал дел и во Пласничево. Плугар престанал да постои во 1935 г.[2]

По завршувањето на мелиорацијата, изградена е нова населба од источната страна на поранешното блато, која го добила истото грчко име, и во која се населени грчки колонисти од Турција. Тоа село Лудијас е во денешната општина Илиџиево, Солунско.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πλούγαρ -- Λουδίας
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 78. 
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_03.htm. 
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102 – 103.
  6. Παπαλαζάρου, Ιωάννη (2007). Ο Μακεδονικός Αγώνας στην περιοχή των Γιαννιτσών. стр. 92-93.