Лудијас (Солунско)
Лудијас Λουδίας | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°40.42′N 22°32.33′E / 40.67367° СГШ; 22.53883° ИГДКоординати: 40°40.42′N 22°32.33′E / 40.67367° СГШ; 22.53883° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Илиџиево |
Општ. единица | Илиџиево |
Надм. вис. | 10 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 789 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 07 |
Повик. бр. | 239 |
Лудијас (грчки: Λουδίας, до 1951 г. Νέα Ζωή, Неја Зои) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 789 жители (2011).[2][3] Ова село не традиционално, туку претставува новосоздадена населба на грчки доселеници.[4]
Географија[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа јужно од Зорбатово, 8 км западно од Илиџиево и 43 км западно од Солун. Лежи во областа Вардарија во Солунското Поле, на северниот брег на река Колудеј.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото е основано како место за грчки доселеници од Турција во 1939 г. на местото на ослободеното плодно земјиште при исцедувањето на Ениџевардарското Езеро. При неговото создавање, наречено е Неја Зои, што во превод значи „нов живот“. Населението било од Понд, Кавказ, Тракија и Мала Азија, кое овде се префрлило од првично создадените Елевтерохори и Метони, како и од колонизираните традиционални села Јалиџик и Бугариево.[2][3] Во 1940 г. Лудијас имал 804 жители, сите грчки дојденици.[4]
Во 1951 г. населението се зголемило на 991 жител, а селото е преименувано во Лудијас, што е грчкото име на месната река Колудеј. На пописот од 1961 г. бројот на жители достигнал 1.222, за да опадне на 929 во 1971, 907 во 1981 г.[4] Во 1991 г. е забележан пораст на 948 лица, кои во 2001 г. се зголемиле на 973, но во 2011 г. опаднало на 795 жители.
Население[уреди | уреди извор]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 804 | 991 | 1.222 | 929 | 907 | 948 | 973 | 789 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото важи за мошне богато бидејќи има плодни површини кои целосно се наводнуваат. Се произведува овошје, памук, жито, бостан и други земојделски култури. Многумина работат во блиските претпријатија „Захарис“, „ЕЛВИЗ“ и „Нестле“.[2][3]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Λουδίας“. Δήμος Χαλκηδόνας. Посетено на 8 јули 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Λουδίας“. Greek Travel Pages. Посетено на 8 јули 2019.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 330–331.
|