Липариново
Липариново Λιπαρό | |
---|---|
Координати: 40°44.49′N 22°14.51′E / 40.74150° СГШ; 22.24183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Општ. единица | Александар Велики |
Надм. вис. | 15 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 368 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Липариново (грчки: Λιπαρό, Липаро; до 1926 г. Λιπαρίνοβο, Липариново[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 457 жители (2011), од кои апсолутно мнозинство се Македонци.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во Ениџевардарското Поле (дел од Солунското Поле), 3 км југозападно од Кадиново и северозападно од Пласничево.
Историја
[уреди | уреди извор]Среден век
[уреди | уреди извор]Селото за првпат се спомнува во 1357 г. како Липарино со 210 жители.
Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото се наоѓало во месноста Бекер, но во 1840 г. било преплавено од реката Мегленица, па затоа е преселено на денешното место.[4] Црквата „Св. Јован Претеча“ е изградена во 1864-65 г.[5] На почетокот на ΧΧ век Липариново е заведено како село в Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Липариново броело 100 жители Македонци и 30 Роми.[6][7]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Липариново (Liparinovo) имало 160 Македонци под Цариградската патријаршија.[6][8]
Во селото селото работела бугарската пропаганда. Според инспекторот Никола Хрлев во 1909 г. во Липариново имало бугарско училиште.[9]
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 35 македонски куќи.[3]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 154 жители, и исто толку жители во 1920 г.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Липаро. Во 1928-1930 г. во селото се доведени 18 грчки колонисти од Понд (4-5 семејства). Така, во 1928 г. селото броело 188 жители, од кои 170 биле домородни Македонци.[3] Во 1935 г. се доселиле и некои Власи од епирското село Денско (Аетомилица).
Во 1940 г. Липариново имало 384 жители и доживеало умерен пораст во следните десетлетија поради поволните стопански услови, иако во 2011 г. доживеало пад на 368 жители.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 384 | 458 | 491 | 467 | 524 | 550 | 478 | 368 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото лежи во поле и целосно се наводнува, поради што дава високи приноси. Главни производи се овошјето (праски и јаболка), памукот, житото, пченката и др. Застапено е и краварството.[3]
Личности
[уреди | уреди извор]- Кољо Треболски (1884 – 1913) — борец во Балканските војни[10]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιπαρίνοβο -- Λιπαρό
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 73.
- ↑ Липариново на порталот на Општина Александар Велики[мртва врска] (грчки)
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/9767/305/17-4-1996 - ΦΕΚ 351/Β/16-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-23. Посетено на 20 октомври 2014.
- ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
- ↑ Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 731.
|