Прејди на содржината

Трифулчево

Координати: 40°47.27′N 22°15.49′E / 40.78783° СГШ; 22.25817° ИГД / 40.78783; 22.25817
Од Википедија — слободната енциклопедија
Трифулчево
Τριφύλλι
Трифулчево is located in Грција
Трифулчево
Трифулчево
Местоположба во областа
Трифулчево во рамките на Постол (општина)
Трифулчево
Местоположба на Трифулчево во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°47.27′N 22°15.49′E / 40.78783° СГШ; 22.25817° ИГД / 40.78783; 22.25817
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаАлександар Велики
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно481
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Трифулчево (грчки: Τριφύλλι, Трифили; до 1926 г. Τριφούλτσοβο, Трифулцово[2]), на турски: Кадиќој — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 481 жител (2011). Сè до 1924 г. било населено со Македонци и Роми, а денес е населено со грчки доденици и малку Македонци.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во Солунското Поле, 4 км северно од Кадиново, близу патот од Пазар за Воден.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

На почетокот на XX век Трифулчево било село во Ениџевардарска каза на Османската империя. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) вели дека во 1900 г. Трифулчево (Кади Ќој) броело 240 жители Турци,[4] што е погрешен податок. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 20 куќи, од кои 5 на Македонци христијани и 15 на Роми муслимани.

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 208 жители, кои во 1920 г. биле 233.[3] Во 1920-тоте муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На негово место се доведени грчки колонисти од Понд, а во 1924 г. и грчки дојденци од Источна Тракија.[3][5] Во 1926 г. селото е преименувано во Трифили. Според пописот од 1928 г. селото имало 280 жители, од кои биле 213 грчки дојденци (62 семејства), а остатокот биле Македонци.[6]

Поради поволните услови, во 1940 г. населението нараснало на 469 лица и продолжило умерено да се развива.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 469 459 562 541 525 543 531 481
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото се смета за богато бидејќи лежи во поле. Се произведува овошје, памук, жито, бостан и др. Застапено е и краварството.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τριφούλτσοβον -- Τριφύλλι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 79–80.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  5. Ѓупчево на порталот на поранешната општина Александър Велики[мртва врска] (грчки)
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.