Бозец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бозец
Παλαίφυτο
Бозец is located in Грција
Бозец
Бозец
Местоположба во областа
Бозец is located in Постол (општина)
Бозец
Местоположба на Бозец во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°49.34′N 22°35.34′E / 40.82233° N; 22.58900° E / 40.82233; 22.58900Координати: 40°49.34′N 22°35.34′E / 40.82233° N; 22.58900° E / 40.82233; 22.58900
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПостол
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.524
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Бозец (дијалектно: Боз’ц; грчки: Άθυρα, Атира; до 1926 г. Μπόζετς, Бозец[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.524 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес има мало македонско малцинство.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во Солунското Поле, крај брегот на Гуменџиска Река и неколку километри од десниот брег на Вардар. Лежи 6 км северно од Куфалово, 20 км јужно од Бојмица, 20 км североисточно од Постол и 22 км источно од Ениџе Вардар (Пазар).

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Бозец (Бозыцъ) како македонско село.[4][5]

Селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. Во мај 1880 г. се уапсени главешините на неколку пазарски села, и од нив е побарано рачателство дека се доверливи, кое би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги придобие селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково и да ги стави под грчката црква — Цариградска патријаршија.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бозец имал 1.655 жители Македонци.[7][8] Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село било вратено под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бозец (Bozetz) имало 816 Македонци, сите под егзархијата.[7][10] Подоцна, под притисок на грчката пропаганда, дел од населението го примило католицизмот[11].

Во селото работела македонската црква „Св. Спас“, изгорена од турците во 1904 и обновена во 1914 г. Во селото работела прво само бугарската пропаганда со свое училиште, а по Младотурската револуција во 1908 г. се отворени и грчко училиште и црква[12].

Бозец уште пред Илинденското востание имало десетлчена селска чета на ВМРО, на чело со Стоян Хаџиев[13]. По 1904 г. зачестиле борбите меѓу комитите на МРО и андартските чети. На 12 август 1906 г. андартите се одвратени по двочасовна борба, а при нападите на 16 септември 1906 г. и 13 февруари 1907 г. андартите убиле неколку деца и дејци на ВМРО. Акциите биле командувани од грчкиот заповедник Јоанис Деместихас (Капетан Никифорос) и „Барба Тасо“ (веројатно гркоманот Атанас Димов)[14]. На 13 февруари 1907 г. 70-члена андартска чета, придружена од гркомани од Бозец, Петрово и Постол ја нападнала куќата на 70-годишниот Константин Делитанасов, убивајќи ги синот Никола и 7-годишното внуче Спасе, и ранувајќи ги другиот син Атанас, снаата Неда и нивната тригодишна ќерка Велика. Четата ја придружувале бозечките гркомани Божин Поп-Димитров и Дионис Христов и петровските гркомани Христо Калин, Мицо Карастојан и Божин Кукул, како и калуѓерот во Бозец, кој впрочем бил грчки офицер-агент.[15]

Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Бозец Бугарската егзархија назначила учител, но властите не не допуштиле да се отвори бугарско училиште поради грчкото оспорување на законот во Отоманскиот парламент.[16]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото Бозец (Μπόζιτς) имало 790 лица под егзархијата и 120 патријаршијата.[17][18]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во овој период селото (Bozeč) имало 150 македонски куќи.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Бегалци од Бозец во логор кај Свиленград, 22 октомври 1924 г.

За време на Првата балканска војна во Бозец влегле грчки војски. Притоа е уапсен кметот А. Самарџиев, неговиот помошник Никола Арабаџиев и учителот Никола Антонов, кои одбиле да ѝ ги предадат клучевите од општината и училиштето на грчката власт. На 5 март 1913 е уапсен и претепан новиот кмет М. Филев, откако во селската управа (кметството) во претрес са откриени 34 пушки.[19] Од селото е прогонета и учителката.[20] Во 1912 г. е заведено како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. Во пописот од 1913 г. Бозец (Μπόζετς) се води како село со 716 жители, од кои 345 машки и 371 женски.[18] По Втората балканска војна во 1913 г. Бозец е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1924 г. 718 лица принудно се иселени во Бугарија.[3] Денес речиси целото население на приморското гратче Бјала во Варненско се состои од преселници од Бозец. Бозинчани има и во Асеновград, Варна, Пловдив, Софија и Равда. Во 1926 г. селото е преименувано во Атира. На местото на иселените Македонци властите довеле голем број грчки колонисти од Источна Тракија и Понд. Во 1928 г. селото имало 1.404 жители, од кои 1.133 биле грчки дојденци.[3] Во 1991 г. тука живееле 1.613 жители, од кои 300 Македонци, 100 Власи, а остатокот грчки дојденци.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.542 1.698 1.742 1.749 1.681 1.613 1.693 1.524
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото лежи во поле и голем дел од земјиштето се наводнува. Се произведуваат големи количества памук, жито, бостан и др. Сточарството е застапено со одгледување на млечни крави.

Личности[уреди | уреди извор]

  • Ангел Јанчев (Ангелос Јанчис, Άγγελος Γιαντσής) — гркомански андартски деец, агент од III ред[21]
  • Божин Кърчоков — четник во околиската чета на ВМРО, наказан от организацията през Младотурската революция[22]
  • Ѓорѓи Димчев (1916 – 1980) — раководител на Македонското младинско националноослободително движење (1943 – 1944) и командант на 3. доброволечка дружина во Воденско во 1944 г.
  • Георгиос Цанѕурас (Γεώργιος Τσαντζούρας) — гркомански андартски деец, агент од III ред[21]
  • Димитриос Георгијадис (Δημήτριος Γεωργιάδης) — гркомански учител и андартски деец, агент од III ред[21]
  • Димо Димчев (? – 1919) — војвода на ВМРО
  • Емануил Димцас (Εμμανουήλ Δήμτσας) — гркомански андартски деец, агент од II ред, брат на убиениот Лазар Димцас[21]
  • Кољо Костадинов Делиатанасов — револуционер од ВМРО[23]
  • Младен Димчев — селски војвода на ВМРО, подоцна бегалец во Бугарија[24]
  • Офил Козаров (1864 - 1945) — револуционер од ВМРО
  • Пено Пецанов — четник во околиската чета на ВМРО, загинал во 1905 г. кај Кушиново
  • Спас Бозечки — деец на ВМРО
  • Стоян Хаџиев — револуционер од ВМРО
  • Теодорос Пападимитриу (Θεόδωρος Παπαδημητρίου) — гркомански андартски деец, агент од III ред[21]
  • Тодор Гуганов (1868 -1953), четник во околиската чета на ВМРО
  • Тодор Самарџиев — четник од ВМРО
  • Тома Кехајов (1909 - 1999) — кријач на Ванчо Михајлов и Менча Крничева[25]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπόζετς -- Άθυρα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 64.
  4. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.[се бара извор]
  5. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  6. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354.
  7. 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  9. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр.126.
  10. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  11. Трайкова, Весела. Андартството в Солунския вилает през 1906 г., в: Военноисторически сборник, бр.4, 2011, стр.52
  12. Бабев, Иван, Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009, стр. 351-352.
  13. Шалдев, Христо, „Из революционните борби в Ениджевардарско“, Илюстрация Илинден, бр. 38
  14. Бабев, Иван, Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009, стр. 348-350.
  15. Македоно-одрински преглед, година ІІ, брой 31, София, 18 март 1907, стр. 489.
  16. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските бълтарски училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86.
  17. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  18. 18,0 18,1 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 4 август 2019.
  19. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр.163
  20. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр.185
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 120. ISBN 978-960-12-1724-6.
  22. Бабев, Иван. Македонска голгота, Македонска голгота, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 344.
  23. Бабев, Иван. Македонска голгота, Македонска голгота, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 349.
  24. Бабев, Иван. Македонска голгота, Македонска голгота, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр. 346, 349.
  25. Бабев, Иван (2013). Помним делата ви. НСА Прес. стр. 252.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]