Христо Сиљанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Христо Силјанов)
Христо Силјанов
Роден 24 мај 1880[1]
Истанбул, Турција Отоманско Царство
Починал 26 септември 1939
Софија,  Бугарија

Христо Силјанов (24 мај 1880 - 26 септември 1939) — македонски[2][3][4][5] револуционер, историчар и деец на ВМОРО. Бил истакнат новинар и публицист во Бугарија.[6]

Животопис

Роден во Цариград, во семејството на Иван Силјанов од Охрид. Учел во Цариград и Солун, а потоа во гимназијата во Битола, во која како ученик се зачленил во ВМОРО. По завршувањето бил учител во Прилеп, каде во периодот 1899 до 1900 г. бил член на обласниот револуционерен комитет. По 1900 г. бил егзархиски учител во Лерин, а од 1902 влегол во редовите на илегалните револуционерни чети под водството на Марко Лерински. Ги познавал Гоце Делчев, Даме Груев и сите големи револуционери. Во 1903 г. учествувал во Преображенското востание во Одринска Тракија. По востанието завршил историски науки во Софискиот универзитет и специјализирал во Швајцарија. За време на Балканските војни се вратил во Македонија како комита во реонот на Костур.

По Првата светска војна се иселил во Софија, каде бил еминентен новинар и публицист, член на Друштвото на бугарските новинари, а исто така член и подоцна потпретседател на Македонскиот научен институт. Неговите наjзначаjни дела како историчар се книгите посветени на македонското револуционерно движење. Напишал високо ценето истражување „Ослободителните борби на Македонија“ по барање на Илинденската организација во Софија. Првиот том излегол во 1933 г., а вториот четири години по неговата смрт, во 1943 година.

Татко е на познатиот дипломат и новинар во Бугарија Евгениј Силјанов (1907-1997).[7]

Објавени книги

Наводи

  1. „Христо Силянов - Биобиблиография“, 2010, 5 стр.
  2. Виктор Цветаноски, "Дорасветлување на македонската стогодишна потрага по себеси" Архивирано на 5 март 2016 г., "Утрински весник", број 1232, 30 јули 2003.
  3. Виктор Цветаноски, "Книгата на Силјанов "филмско сценарио" за илинденската епопеја" Архивирано на 5 март 2016 г., "Утрински весник", број 1143, 12 април 2003.
  4. Виктор Цветаноски, "Илинден раскажан од Силјанов е поголем, повеличествен и подостоен" Архивирано на 5 март 2016 г., "Утрински весник", број 1163, 10 мај 2003.
  5. Виктор Цветаноски, "Македонците крем на бугарското општество (9)", Христо Силјанов ја раскажа драмата за Илинден, "Утрински весник", број 2865, четврток, 18 декември 2008.
  6. Христо Силянов, "Писма и изповеди...", "Български писател", София, 1984, "Спомени от Странджа (Бележки по Преображенското въстание в Одринско - 1903 г.)", глава 12 Гърците под въстаническа власт, стр. 322-323, и От Витоша до Грамос. Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г., глава LIV Прощаване, стр. 591-593.
  7. Ирина Недева, "Мисия Париж: Разговори с Евгений Силянов" Архивирано на 8 јули 2008 г., Издателство СемаРШ, София, 2007.