Прејди на содржината

Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Софиски универзитет)
Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“
Софийски университет „Св. Климент Охридски“
Поглед на ректоратот, октомври 2017
латински: Universitas Serdicensis
Друго име
СУ
Поранешно име
Високо училиште (1888–1904)
ГеслоIpsa scientia potestas est
На македонски
Самото знаење е моќ
Виддржавен
Основан1 октомври 1888 (1888-10-01)
ПрипадностEUA
Буџет~ 38 млн. лева (2020)
РекторАнастас Герџиков
Наставен кадар
1700
Студенти18 911 (2019)
МестоСофија, Бугарија
Бои     Пурпурна боја
uni-sofia.bg
Карта

Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски (или скратено СУ) е најстарата високообразовна институција во Бугарија, создадена на 1 октомври 1888 год. со решение на Народното собрание на Кнежевство Бугарија. Централното крило на зградата на СУ е изградено со помош на великодушните донации на браќата Евлоги и Христо Георгиеви. Денес нивните скулптури го красат главниот влез на Ректоратот.

Историја

[уреди | уреди извор]
Зградата на Првата софиска машка гимназија во Софија (1907), каде што во 1888 година започнала наставата на Високото училиште, претходник на Софискиот универзитет.

Историјата на Софискиот универзитет започнува на 1 октомври 1888 година, кога во зградата на Првата софиска машка гимназија свечено започнала наставата на Историско-филолошкото одделение на Вишиот педагошки курс. Новата институција била основана како прво високо училиште во Кнежевството Бугарија и во почетокот имала скромни размери — четворица редовни и тројца вонредни професори и 43 студенти. Прв ректор бил истакнатиот бугарски јазичар Александар Теодоров-Балан.

Група студенти от Медицинскиот факултет при зградата на Ректоратот во изградба, март 1930 г.

Во првите години институцијата постепено се проширила. Во 1889 година бил основан Физичко-математичкиот оддел, а во 1892 година бил создаден Правниот оддел, со што се поставиле темелите на идната факултетска структура. По неколку месеци од основањето, Високиот педагошки курс бил преименуван во Високо училиште, кое станало главен центар на научното образование во Бугарија.

Со донесувањето на нов закон за високото образование во 1904 година, Високото училиште добило статус на универзитет и официјално било преименувано во Универзитет во Софија. Во следните децении универзитетот продолжил да се развива, отворајќи нови факултети и создавајќи научни институти. До изградбата на денешната зграда на Ректоратот (1924–1934), наставата се одржувала во различни државни објекти, меѓу кои и старата зграда на Народното собрание.

Структура

[уреди | уреди извор]

Денес СУ има 15 факултети и 3 одделенија.

Факултети

[уреди | уреди извор]

Одделенија

[уреди | уреди извор]
  • Одделение за јазична обука
  • Одделение за информација и учители
  • Одделение за спорт

Поврзано

[уреди | уреди извор]