1: Нормализирано на [0–255] 2: Нормализирано на [0–100]
Пурпурната боја е нијанса што се добива со мешање на црвената и сината боја. Таа е секундарна боја бидејќи ја сочинуваат две бои (сина и црвена).
Во теоријата на боите, пурпурната е дефинирана како која било не-спектрална боја помеѓу виолетовата и црвената (со исклучок на самите виолетова и црвена боја)[1]. Според истата теорија, спектралните бои виолетова и индиго не се пурпурни, но сепак во секојдневната употреба тие се сметаат за такви бидејќи се наоѓаат помеѓу црвената и сината.