Фуксија (боја)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Цвет на фуксија.

Фуксија е силна црвеникава или розова боја наречена по цветот на растението фуксија (науч. Fuchsia), кое пак е наречено по германскиот научник Леонарт Фукс (1501-1566). Некои сметаат дека поимот „фуксија“ е синоним на магента, но функсијата во голем број на палети е повиолетова, а магентата е поцрвена.

Нешто поцрвена варијанта со помалку заситен тон е т.н. „модна фуксија“ (англ. fashion fuchsia) што се користи во женската мода. Истата се нарекува и „холивудска црешова“.

Фуксија (мрежна боја)[уреди]

Фуксија (мрежна боја)
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка #FF00FF
sRGB1    (r, g, b) (255, 0, 255)
HSV       (h, s, v) (300°, 100%, 100[1]%)
Извор HTML/CSS[2]
1: Нормализирано на [0–255]

Бојата фуксија кај сметачите е актуелна како синоним за #FF00FF (полна магента); Во каскадните стилски страници (CSS) се добива оваа боја со внесување на fuchsia. Таа е дел од 16-бојната палета кај највеќето сметачки системи. Често се користи и за укажување на проѕирност.

Нијанси на фуксија[уреди]

Модна фуксија[уреди]

Модна фуксија
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка #F400A1
sRGB1    (r, g, b) (244, 0, 161)
CMYK2   (c, m, y, k) (0, 100, 34, 4)
HSV       (h, s, v) (320°, 100%, 96[3]%)
Извор Maerz and Paul/[4]
Venus Paradise C.P.[5]
1: Нормализирано на [0–255]
2: Нормализирано на [0–100]

Модната фуксија (fashion fuchsia) е боја во женската мода, кога се бара силна розова боја со нешто помала заситеност. Ова е друг назив на бојата „холивудска црешова“.


Фуксиско розе[уреди]

Фуксиско розе
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка #C74375
sRGB1    (r, g, b) (199, 67, 117)
CMYK2   (c, m, y, k) (0, 66, 41, 22)
HSV       (h, s, v) (337°, 66%, 78[6]%)
Извор Pantone TPX[7]
1: Нормализирано на [0–255]
2: Нормализирано на [0–100]

Фуксиско розе (fuchsia rose) е бојата прогласена за „Боја на годината 2001“ од Pantone.

Извор на оваа боја е списокот на бои „Pantone Textile Paper eXtended (TPX)“, каде бојата се води под „#17-2031 TPX—Fuchsia Rose“.[8]

Длабока фуксија[уреди]

Фуксија (Crayola)
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка #C154C1
sRGB1    (r, g, b) (193, 84, 193)
CMYK2   (c, m, y, k) (24, 87, 24, 0)
HSV       (h, s, v) (300°, 67%, 72[9]%)
Извор Crayola
1: Нормализирано на [0–255]
2: Нормализирано на [0–100]

Овој длабок тон на фуксија а бојата наречена „фуксија“ боиците на производителот Crayola.

Фанданго[уреди]

Фанданго
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка #B53389
sRGB1    (r, g, b) (181, 51, 137)
CMYK2   (c, m, y, k) (0, 72, 24, 29)
HSV       (h, s, v) (320°, 72%, 71[10]%)
Извор Maerz and Paul
1: Нормализирано на [0–255]
2: Нормализирано на [0–100]

Десно е прикажана бојата фанданго (fandango).

Старинска фуксија[уреди]

старинска фуксија
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка #915C83
sRGB1    (r, g, b) (145, 92, 131)
CMYK2   (c, m, y, k) (0, 37, 10, 23)
HSV       (h, s, v) (316°, 37%, 57[11]%)
Извор Плохер
1: Нормализирано на [0–255]
2: Нормализирано на [0–100]

Десно е прикажана бојата старинска фуксија (antique fuchsia).

Извор на оваа боја е системот „Плохер“ осмислен во 1948 г. и широко застапен во внатрешното уредување.[12]

Занимливости[уреди]

  • Во супкултурата на геј-лицата, носењето на шамивче со оваа боја означува дека носачот има фетиш кон плескање.[13]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. color-book.org Информации за хекс. код #FF00FF - color-book.org (англиски)
  2. Боен модул TR CSS3 на W3C, клучни зборови за HTML4 (англиски)
  3. web.forret.com Алатка за претворање на бои наместена на хексадецималниот код на бојата #F400A1 (холивудска црешова (модна фуксија)) (англиски)
  4. Бојата прикажана во кутијата погоре одговара на онаа наречена „Холивуд“ во делото „Речник на боите“ од Мерц и Пол (Maerz and Paul, A Dictionary of Color New York:1930 McGraw-Hill, стр. 33, илустрација 5, примерок K5.
  5. Оваа боја одговара на бојата наречена „холивудска црешова“ (Hollywood Cerise) во комплетот боици „Venus Paradise“ од 1950-тите.
  6. Информации за хекс. код #C74375 - color-book.org (англиски)
  7. До бојата се доаѓа со внесување на „Fuchsia Rose“ во прозорецот.
  8. Пребарувач на бои Pantone TPX (англиски)
  9. Информации за хекс. код #C154C1 - color-book.org (англиски)
  10. Информации за хекс. код #B53389 - color-book.org (англиски)
  11. Информации за хекс. код #915C83 - color-book.org (англиски)
  12. Боен систем „Плохер“ (англиски)
  13. Симболика на шамивчињата - Gay City USA (англиски)