Лиметна боја
Лиметна | |
---|---|
Бојни координати | |
Хекс. тројка | #BFFF00 |
sRGB1 (r, g, b) | (191, 255, 0) |
CMYK2 (c, m, y, k) | (25, 0, 100, 0) |
HSV (h, s, v) | (75°, 100%, 100[1]%) |
Извор | Maerz & Paul[2] |
1: Нормализирано на [0–255] 2: Нормализирано на [0–100] |
Лиметна боја (лиметна зелена) — боја на три четвртини помеѓу жолтата и зелената (поблиска до жолтата), наречена по бојата на овошјето лимета. Бојата е на половина помеѓу мрежната боја шартрез и жолтата на бојното тркало.[2]
Лиметна (традиционална лиметна зелена)
[уреди | уреди извор]Лиметна (#BFFF00) е чиста спектрална боја приближно 564 нанометри на видливиот спектар, кога ќе се нацрта на хроматичниот дијаграм CIE.
Варијанти
[уреди | уреди извор]Електрична лиметна
[уреди | уреди извор]Електрична лиметна | |
---|---|
Бојни координати | |
Хекс. тројка | #CCFF00 |
sRGB1 (r, g, b) | (204, 255, 0) |
HSV (h, s, v) | (72°, 100%, 100%) |
Извор | Crayola |
1: Нормализирано на [0–255] |
Бојата „електрична лимета“ е за првпат воведена во 1991 г. од производителот на масни боици Crayola.
Оваа нијанса на лимета е популарна во психоделичната уметност.
Француска лиметна
[уреди | уреди извор]Лиметна (Pourpre.com) | |
---|---|
Бојни координати | |
Хекс. тројка | #9EFD38 |
sRGB1 (r, g, b) | (158, 253, 56) |
CMYK2 (c, m, y, k) | (38, 0, 78, 1) |
HSV (h, s, v) | (89°, 78%, 99[3]%) |
Извор | Pourpre.com |
1: Нормализирано на [0–255] 2: Нормализирано на [0–100] |
Бојата „француска лиметна“ е нијанса на лиметата просто наречена „лиметна“ (lime) на Pourpre.com, многу застапен и популарен список на бои во Франција.
Мрежна боја „лиметна“ (X11-зелена)
[уреди | уреди извор]Лиметна (HTML/CSS); Зелена (X11) | |
---|---|
Бојни координати | |
Хекс. тројка | #00FF00 |
sRGB1 (r, g, b) | (0, 255, 0) |
Извор | HTML/CSS[4] |
1: Нормализирано на [0–255] |
Мрежнат абоја наречена „лиметна“ (lime) впрочем одговара на зелена на приказите во RGB: има различен HTML-код (#00FF00). Десно е приложен пример.
Мрежна боја лиметна зелена
[уреди | уреди извор]Лиметна зелена | |
---|---|
Бојни координати | |
Хекс. тројка | #32CD32 |
sRGB1 (r, g, b) | (50, 205, 50) |
Извор | X11[4] |
1: Нормализирано на [0–255] |
Десно е прикажана мрежната боја „лиметна зелена“ (lime green).
Занимливости
[уреди | уреди извор]- Во супкултурата на геј-лицата, носењето на шамивче со лиметна боја означува дека носачот има фетиш кон ситофилија.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Алатка за претворање на бои наместена на хексадецималниот код на бојата #BFFF00 (лимета):“. Web.forret.com. Посетено на 8 јуни 2010.
- ↑ 2,0 2,1 Maerz and Paul A Dictionary of Color New York:1930 McGraw-Hill; The index refers to Plate 20 Color Sample J1 as Lime Green; this color is shown on Plate 20 as being halfway between yellow-green (the old name for the color that is now called chartreuse green) and yellow on the color wheel.
- ↑ Алатка за претворање на бои наместена на хексадецималниот код на бојата #9EFD38 (француска лиметна) - web.forret (англиски)
- ↑ 4,0 4,1 „Боен модул TR CSS3 на W3C, бојни клучни зборови за HTML4“. W3.org. Посетено на 8 јуни 2010. (англиски)
- ↑ Симболика на шамивчињата Архивирано на 24 септември 2015 г. - Gay City USA (англиски)
|