Внатрешно уредување

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Внатрешно уредување дел од архитектурата и декоративната уметност кој се занимава со исцртување и обликување на внатрешноста на градбите сосе покуќнината.

Обликување на внатрешноста на градбите[уреди]

Молерски работи[уреди]

Молерај е уредување на површините на внатрешните ѕидови и плафони.

Подополагачки работи[уреди]

Подополагање е уредување на подовите на градбите.

Столарски работи[уреди]

Столарија е поим кој се користи за прозорците и вратите во една градба. Столарските работи се изработување и поставување на прозорци и врати.

Инсталациони работи[уреди]

Инсталациони работи се однесуваат на изработка и поставување на инсталации за вода, струја, телевизија, радио, интернет, греење, канализација и ѓубре во една градба.

Распоредување на покуќнина[уреди]

Покуќнина е целата опрема, мебел, кујнски прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди, кои се користат во едно домаќинство.

Внатрешото уредување се занимава со обликување и распоредување на покуќнината, каде главен акцент е исцртувањето и распоредувањето на мебелот во градбата. За обликувањето и исцртувањето на мебел, кујнскиот прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди се користи поимот дизајн, иако и таа вештина може да се смета како дел од внатрешното уредување. Тешко може да се постави граница меѓу внатрешно уредување и дизајн, воошто и меѓу уредување, архитектура и дизајн. Бидејќи производство на мебел, кујнскиот прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди е индустриализирано се користи и терминот индустриски дизајн како мултидисциплина на машинство и дизајн.

Поврзано[уреди]