Мебел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Римски мебел

Мебелзбирен поим за подвижни предмети кои го поддржуваат човечкото тело (мебел за седење и кревети), служат за остава или држат предмети на хоризонтални површини над земја. Мебелот за остава (кој често користи врати, фиоки и полици) се користи за чување на помали предмети, како: облека, алат, книги и домашни добра.

Мебелот може да биде уметнички дизајниран, при што се смета за дел од декоративната уметност. Покрај функционалната улога на мебелот, тој може да игра и симболичка или религиозна улога. Домашниот мебел, заедно со другата покуќнина како часовниците и осветлувањето дава удобност во просторот. Мебелот може да биде направен од најразлични материјали како метал, пластика или дрво.

Занаетот кој се занимава со изработкa на мебел се нарекува столарство.

Историја на европскиот мебел[уреди | уреди извор]

Рококо столица

Мебелот почнал да се развива со развитокот на неномадските култури. За мебелот во антиката сведочат разните слики, како муралите во Помпеја; скултурата, како онаа во Египет; и постоечки примероци, како оние најдени во Турција. Мебелот во средниот век бил обично тежок, направен од дабово дрво и украсен со резби. Заедно со другите уметници, италијанската ренесанса го преродила дизајнот, често инспириран од грчко-римската традиција. Слична ваква експлозија во дизајн, и генерална културна ренесанса се случила во северна Европа, започнувајќи со XV век. XVI век на двете полутопки се одликува со раскошни,често позлатени барокни дизајни кои изобилувале со орнаменти со вегетација и ролни. Од XVII век дизајните на мебел почнале да се развиваат побрзо. Иако постојат стилови кои биле национални, како Паладијанството во Велика Британија, други, како рококото и неокласицизмот ја зафатиле цела западна Европа. XIX век се одликува со симултани стилови на преродба како готиката, неокласицизмот и рококото. Дизајнерската реформа кон крајот на векот, сосебе ги донела естетизмот и Движењето за применета уметност. Движењето арт нуво било под влијание на овие две движења. Првите три четвртини од XX век се сметаат за марш кон модернизмот. Дизајнерите од движењата арт деко, де Стајл, Баухаус, Виенската Работилница и Виенската сецесија сите до некој степен работеле со модернистичкиот идиом. Постмодернистичкиот дизајн бил паралелен на движењето поп арт и зел замав во 1960-тите и 1970-тите. Тој е промовиран од дизајнери како оние од италијанското движење Мемфис

Арт нуво[уреди | уреди извор]

Арт нуво архитектурата и внатрешниот дизајн го избегнувал естетскиот историзам на Викторијанското доба. Иако овие дизајнери одбрале и „модернизирале“ некои рококо елементи, како текстури со пламен и школки, наместо викторијанскиот историски засниван реализам, движењето арт нуво се залагало за употреба на високостилизирани мотиви од природата како извор на инспирација и го прошириле „природниот“ репертоар додавајќи алги, треви и инсекти. Се употребувале соодветно огрански форми, криви линии, осоебно цветни и растителни, и ним слични.

Движење за применета уметност[уреди | уреди извор]

Движењето за применета уметност (англиски: Arts and Crafts movement) за првпат се јавило во средината на XIX век во Британија, со дизајнерите како Џон Раскин и Вилијам Морис. Движењето го ужива врвот на популарноста во последните декади од векот во Британија како и во САД. Нивната идеологија се залагала за улогата на изработувачот, и осврнување кон средновековните и готски стилови наспроти тогашните еклектични викторијански дизајни.

Ар деко[уреди | уреди извор]

Движењето ар деко се каратеризира со употреба на материјали како алуминиум, не'рѓосувачки челик, лак, обложено дрво, ајкулина кожа и зебрина кожа. Исто така тука се употребувале смели скалести или цик-цак дезени, далекусежни криви линии (за разлика од кривулестите линии на стилот арт нуво), шевронски шари и зрачен мотив. Некои од овие мотиви биле сеприсутни — на пример зрачниот мотив се употребувал во најразлични контексти како кај ладилници, аудиториуми и кубето на Крајслеровата зграда.

Баухаус[уреди | уреди извор]

Кантилеверска столица

Движењето баухаус со своите фини дизајни и масовно производство е добро претставено во мебелот. Два примера се Кантилеверската столица од холандскиот дизајнер Март Штам, кој се држи на принцип на жилавоста на челикот и Василевата столица, дизајн на Марсел Бројер.

Ѓернес[уреди | уреди извор]

Во Скандинавија ужива популарност мебелот од стилот на Лив Милдрид Ѓернес.

Мебелот како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 86.
  2. Discogs, Elvis Costello And The Attractions* – Blood & Chocolate (пристапено на 8.5.2022)
  3. Discogs, Joni Mitchell ‎– Mingus (пристапено на 31.1.2021)

Избрана библиографија[уреди | уреди извор]

  • Gloag, John. A Short Dictionary of Furniture. New York: Holt, Rhinehart, and Winston, 1965.
  • Hayward, Charles H., Antique or Fake?: The Making of Old Furniture. London: Evans Brothers, 1971.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]