Облека

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Облеката низ историјата

Облеката е текстил, направен од влакна, која се носи врз телото. Носењето на облека обично се ограничува на човечките суштества и претставува особина на речиси сите човекови општества. Количината и видот на облеката која се носи, зависи од физичките, општествените и географските фактори. Некои видови на облека се полово определени, но ова не ги вклучува транвеститите.

Физички, облеката служи за повеќе цели: може да се користи како заштита од природните појави и да ја зголеми сигурноста при ризичните активности како што се пешачењето и готвењето. Со поставување на граница помеѓу кожата и околината, таа го заштитува носителот од нерамните површини, растенијата кои предизвикуваат исфрлање на кожата, убоди од инсекти, спици, трње и боцки. Алиштата може да не заштитат од студ и од топлина. Покрај тоа, тие можат да обезбедат хигиенска граница, држејќи ги заразните и отровните материи подалеку од човечкото тело. Облеката исто така обезбедува заштита од штетното ултравиолетово зрачење.UV radiation. Шаблон:TOC left

Историја на облеката[уреди]

Не постои лесен начин да се одреди кога за првпат била создадена облеката, но добиени се некои информации при проучувањето на вошките. Вошката на телото живее во облеката и се одвојува од вошките на главата уште пред 107. 000 години, што укажува на тоа дека облеката постоела во тоа време. Друга теорија е дека современите луѓе се единствените преживеани од неколкуте видови на примати кои можеби носеле облека и дека облеката се користела уште пред 650 илјади години. Друго истражување, исто така основано врз основа на вошката проценува дека облеката се појавила пред околу 42. 000- 72. 000 години.

функција[уреди]

A baby wearing many items of winter clothing: headband, cap, fur-lined coat, shawl and sweater

Основната функција на облеката е да ја подобри удобноста на носителот. Во топло време, облеката обезбедува заштита од изгореници или воспаление на кожата, додека во ладно време нејзините својства на топлотна изолација се обично поважни. Засолништата, вообичаено ја намалуваат практичната потреба од облека. На пример, капутите, шапките, ракавиците и другите површни слоеви на облека се отстрануваат при влегувањето во топол дом, особено ако некој престојува или преспива таму. Исто така, облеката се разликува и од аспект на сезоните и регионите, така што потенките материјали и помалиот број на слоеви на облека обично се носат во потоплите сезони и региони, за разлика од поладните.

Облеката извршува поголем број на општествени и културолошки функции, како што се индивидуално, професионално и полово диференцирање и општествениот статус. Во многу општества, принципите за облеката ги отсликуваат нормите на пристојност, религија, пол и општествен статус. Облеката исто така може да функционира како украс и израз на сопствен вкус или стил.

Облеката во минатото била правена од најразлични материјали. Материјалите варираат од кожа и крзна, ткаенина, до сложени и необични природни и синтетички материјали. Не се што го прикрива телото се смета за облека. Додатоците кои се носат а не се облекуваат ( како што се чантите), кои се носат на еден дел од телото и лесно се вадат ( шалчиња), кои се носат чисто како украс (накит) или оние кои служат за заштита (очила), се сметат за модни додатоци а не за облека како чевлите и шапките.

Облеката ги заштитува луѓето од многуте фактори кои можат да го повредат непокриеното човечко тело. Алиштата заштитуваат од природни појави, како на пр. дожд, снег, ветер, сонце и др. временски промени. Меѓутоа, заштитничкиот ефект се намалува, доколку облеката е премногу проѕирна, тенка, мала, тесна, итн. Алиштата го намалуват и нивото на ризик при физичка активност, како работа или спорт. Понекогаш, облеката се носи поради заштита од одредени ризици на околината, како што се инсектите, отровните хемикалии, оружјата и допирот со абразивни супстанци. Обратно на ова, облеката може да ја заштити околината од оној што ја носи, како што е униформата на лекарите. Луѓето покажале огромна креативност во смислувањето на решенија за облека против ризиците на околината. Некои примери вклучуваат: вселенски костими, облека за воздухопловство, оклопи, костими за нуркање, костими за капење, пчеларска облека, облека за моторциклисти, лесно забележлива облека и други парчиња на заштитна облека. Разликата меѓу облеката и заштитната опрема не е строго дефинирана, бидејќи истовремено алиштата, дизајнирани да бидат модерни, честопати нудат и заштита, а пак, оние кои се дизајнирани за да бидат функционални, честопати ја применуваат модата во нивниот дезен. Носењето на алишта исто така има и социјални последици. Тие се носат за да ги покријат оние делови од телото, кои се бараат да бидат покриени со општествените норми, имаат улога на украс или пак наоѓаат други намени во општеството.


Научност[уреди]

Иако во периодот на 19-от век кога колонизираните држави се справувале со новите средини биле пронајдени тезите за облеката и нејзината функционалност, во втората половина на 20-от век се појавило сложено научно истражување за психосоцијалните, физиолошките и другите функции на облеката (на пр. заштитна, преносна), со изданија како што се ,,Психологија на алиштата” од Флугел (англ. Flugel’s Psychology of Clothing) во 1930 година, антологиската ,,Физиологија на регулирање на топлината” (англ. Physiology of Heat Regulation) на Њубург и ,,Науката за облека” (aнгл. The Science of Clothing) во 1949 година. До 1968 година, значително напреднала и се проширила областа на физиологијата на средината, додека пак науката за облеката во однос на физиологијата на средината претпела мали промени. Иако оттогаш се појавило значајно истражување и значително се развило, основните идеи останале непроменети и секако современите автори продолжиле да и оддаваат признание на книгата за Њубург, вклучувајќи ги и оние автори кои се обидуваат да развијат терморегулативни модели за развојот на облеката.


Културолошки аспекти[уреди]

Полово диференцирање[уреди]

Former 3rd Duke of Fife wearing a traditional Scottish kilt. (1984)
Former US Secretary of State Condoleezza Rice and Turkish President Abdullah Gül both wearing Western-style business suits.

Во повеќето култури, половото диференцирање се смета како погодно за мажите и жените. Разликите се во стиловите, боите и материјалите. Во западните општества, здолништата, фустаните и чевлите со високи потпетици обично се сметаат за женска облека, додека вратоврските пак за машка облека. Панталоните некогаш се сметале за исклучиво машка облека, но денеска ги носат и двата пола. Машките алишта, вообичаено се попрактични( т.е. можат да бидат пофункционални при различни ситуации), но жените пак имаат поголем избор на стилови на облека. На мажите обично им е дозволено да ги покажат своите гради на повеќе јавни места. Општоприфатливо е жената да носи машка облека, додека спротивното е невообичаено.

Во некои култури, со закони се регулира она што мажите и жените треба да го носат. Исламот наложува жените да носат поскромни форми на облека, обично хиџаб (англ.hijab). Што се определува како ,,скромно’’ се разликува во различните муслимански општества, но сепак, жените треба да покријат поголем дел од своето тело за разлика од мажите. Со додатоците на облека како што се шамијата и бурката (англ. burqa), жените муслиманки го постигнуваат скромниот изглед.

Мажите понекогаш носат машки здолништа како тога(англ. toga) и килт (англ. kilt), особено на церемониите. Во минатото, овие алишта мажите често ги носеле како секојдневна облека. Во споредба со машката облека, женската облека е поатрактивна, и да ги заведува погледите на мажите. Низ историјата, жените со повисок статус носеле поскромна облека.


Општествен статус[уреди]

Alim Khan's bemedaled robe sends a social message about his wealth, status, and power

Во некои општества, облеката се користи за да укаже на класата или статусот. На пр., во Стар Рим, само на сенаторите им било дозволено да носат облека со тиријан виолетова (англ.Tyrian purple). Во традиционалните хавајски општества само водачите носеле пердувести наметки, палаоа (ѓердани од заби на кит) или гравирани заби од кит. Во кралството Траванкор во Керала ( Индија), жените од пониската каста морале да плаќаат данок за да го покријат горниот дел од нивното тело. Во Кина, пред создавањето на републиката, само императорот носел жолта боја. Историјата нуди многу примери за сложените закони со кои се регулираат нормите за облекување. Во општествата без вакви закони, како што се модерните општества, општествениот статус се определува со поседувањето на ретки или луксузни додатоци кои се ограничуваат со цената на оние со богатство или статус. Покрај тоа, влијанието на средината има улога во изборот на облека.

Религија[уреди]

Nicolas Trigault, a Flemish Jesuit, in Ming-style Confucian scholar costume, by Peter Paul Rubens. This drawing shows a fusion between West and East also Christianity and Confucianism.
Muslim men traditionally wear white robes and a cap during prayers

Верската облека може да се смета за специјален случај на професионалана облека. Понекогаш се носи само кога се изведуваат некои религиски церемонии. Но сепак, може да се носи секојдневно како ознака на припадност на некој религиски статус. На пример, мажите јансенисти и муслимани носат незашиени парчиња облека кога изведуваат религиски церемонии. Таа облека претставува неколеблива и целосна оддаденост на задачата која им била дадена, без отстапување. Сиките носат турбан кој е дел од нивната религија. Чистота на религиските фустани во источните религии како Хиндуизам, Сикизам, Будизам, Ислам, Јансенизам се од голема важност, бидејќи означуваат чистота. Облеката има значајна улога во Библијата каде се среќава во бројни контексти, но најзначајни се: приказната за Адам и Ева, кои со листови од смоква ги покриле деловите од телото, наметката на Јосиф, Јуда и Тамар, Мардохеј и Естер. Понатаму свештениците кои чиноначалствувале во Храмот носеле посебна облека, и со нејзин недостаток тие биле подлежни на смрт. Во исламската традиција, жените треба да носат долг, широк, непроѕирен фустан кога излегуваат од дома. Овој начин на облекување бил демократски ( за сите жени, независно од нивниот статус) и заштита од жешкото сонце. Куранот го вели следното за соппружниците и сопругите: ,,…Тие се облека за вас, a вие за нив’’(глава 2:187) Еврејскиот ритуал исто така наложува да се скине горниот дел од облеката, како знак на жалост. Оваа практика се наоѓа во Библијата кога Јаков слушнал за ненадејната смрт на неговиот син Јосиф.

Потекло и историја[уреди]

Првата забележена употреба[уреди]

Според археолозите и антрополозите, првата облека најверојатно се состоела од крзно, кожа, листови или трева кои биле завиткани или врзани околу телото. Познавањето на ваква облека останува дедуктивно, бидејќи материјалите од кои е изработена облеката попуштаат брзо за разлика од ракотворбите направени камен, коска, школка и метал. Археолозите многу рано ги откриле иглите за шиење од коска и слонова коска од пред 30.000 години п.н.е, пронајдени во близина на Костенки, Русија во 1988 година. Обоените ленени влакна кои можеби се користеле за облека биле пронајдени во праисториска пештера во Грузија пред 36.000 години. Научниците сеуште за тоа кога луѓето почнале да носат облека. Ралф Китлер (Ralf Kittler), Манфред Кеизер (Manfred Kayser) и Марк Стоункинг (Mark Stoneking), антрополози на Институтот ,,Макс Планк” за еволутивна антропологија спровеле генетска истражување на телесни вошки коишто укажуваат на тоа дека облеката од неодамна, од пред околу 107.000 години. Телесните вошки се знак за носење на облека, бидејќи повеќе луѓе имаат ретки влакна на телото, поради тоа вошките бараат човечка облека за да преживеат. Нивното истражување укажува на тоа дека пронаоѓањето на облека можеби се совпаѓа со миграцијата кон север на современиот хомо сапиенс( Homo sapiens) далеку од жешката клима на Африка, која се мисли дека започнала пред 50.000- 100.000 години. Меѓутоа, втората група на истражувачи кои користеле слични генетски методи, процениле дека облеката потекнува од пред 540.000 години. За сега, датумот за настанувањето на облеката останува неоткриен.


Правење на облека[уреди]

Некои човечки култури, како луѓето од Северен Поларен Круг,Arctic Circle традиционално ги прават нивните облеки од подготвени и декорирани крзно и кожа. Други култури пак, ја надополниле или целосно ја замениле кожата со материјал: ткаен, плетен, испреден од разни животински и растителни влакна. Иако модерните потрошувачи го прифаќаат производството на облека здраво за готово, рачното произведување на материјал е здодевен и напорен процес на работа. Текстилната индустрија е првата која била механизирана со електрични разбои, за време на индустриската револуција. Различните култури, создале разни начини за создавање на облека од материјал. Еден пристап вклучува украсување на материјалот. Многу луѓе носеле, и сеуште носат облека која што се состои од правоаголни парчиња на материјал така завиткани да се сложуваат, на пример, доти( англ. dhoti) и сари (англ.sari) за жените на Индискиот потконтинент, шкотски килт( англ.Scottish kilt) или јавански саронг (англ.Javanese sarong). Облеката може да биде едноставно врзана, како што е случајот со првите парчиња на облека или пак иглите или појасите ја држат облеката на место, како што е случајот со последните две парчиња на облека. Скапоцената облека останува нескратена, па така луѓето од повеќе големини или пак истата личност со различна големина може да ја носи облеката. Друг пристап вклучува сечење и шиење на материјалот, користејќи го секое парче од материјалот во вид на правоаголник при создавањето на облека. Кројачот може да сече парчиња во вид на триаголник од еден агол на материјалот и притоа да ги додаде било каде како фалти. Традиционалните европски модели за машки кошули и женски поткошули го превземаат овој пристап. Модерната европска мода го обработува материјалот на понеконзервативен начин, обично сечејќи го материјалот и оставајќи разни чудни форми на парчиња од истиот. Индустриите за шиење овие ги продаваат како отпад, а пак домашните шивачи ги претвараат во јоргани. Низ илјадници години коишто луѓето ги поминале во создавање на облека, тие создале неверојатен спектар на стилови, од кои повеќето биле реконструирани од зачуваните делови од облека, фотографии, слики, мозаици итн., како и од пишаните описи. Историјата на костумите служи како извор на инспирација на сегашните модни дизајнери, исто така како тема на професионален интерес на костумерите кои прават костими за драми, филмови, телевизија и историски реконструкции.


Современа облека[уреди]

Норми на облекување[уреди]

Нормите на облекување се развивале во текот на изминатите 500 години. Механизацијата на текстилната индустрија направи направи голем избор на материјали, широко достапни по пристапни цени. Стиловите се промениле и достапноста на синтетички материјали ја променила дефиницијата за "модерно". Во втората половина на 20-от век, сините фармерки станале многу популарни и сега се носат на настани кои обично бараат формална облека. Спортската облека исто така стана голем и растечки пазар. Лиценцирањето на дизајнерските имиња прв го вовел дизајнерот Пјер Кардин( англ. Pierre Cardin) во 1960-тите години и тоа станало вообичаена пракса во модната индустрија околу 1970-тите години.


Ширење на западните стилови[уреди]

До почетокот на 21 век, западните стилови на облека до одреден степен, станале меѓународни стилови. Овој процес започнал стотици години порано, за време на европската колонизација. Процесот на културно ширење се засилил низ вековите како што западните медиумски компании се пробивале на пазарот низ целиот свет, ширејќи ја западната култура и стилови. Брзата мода исто така стана светски феномен. Овие парчиња на облека се поевтини, и сериски направени. Донираната користена облека од западните земји исто така беше подарена на луѓето во сиромашните земји од страна на хуманитарни организации.


Етничко и културно богатство[уреди]

Луѓето можат да носат етнички и национални носии на специјални пригоди, во одредени улоги или занимања. На пример, повеќето Корејци мажи и жени го прифатиле западниот стил на секојдневна облека, но сеуште ги носат тредиционалните хенбокс(англ.hanboks) на специјални пригоди како што се свадби и празници. Додатоците од западната облека може да се појават како носени или додадени на посебен начин, различен од западниот. Тонганец може да комбинира маица со тонганско завиткано здолниште или тапену (англ.tapenu).

Спорт и активност[уреди]

Повеќето спортови и физички активности практикуваат носење на специјална облека, од практични, удобни и безбедносни причини. Вообичаената спортска облека, вклучува шорцеви, маици, кошули за тенис, трикоа, тренерки и патики. Специјалните парчиња вклучуваат костими (за пливање, нуркање и сурфање), облека за скиење и трикоа (за гимнастика). Исто така еластичниот материјал се користи како основен слој кој ја впива потта. Спандексот spandex се препорачува и за активни спортови кои бараат соодветна облека како што се: борење, атлетика, танцување, гимнастика и пливање.


Мода[уреди]

Постојат голем број на стилови во модата, кои варираат според географската положба, изложувањето на современите медиумии, економските услови, движејќи се од скапа висока мода до традиционална облека, до ефтини гранџ(носење валкана и и неуредна облека, мода популарна кај младите во 90-тите год.на 20-от век) продавници.


Идни трендови[уреди]

Светот на облеката секојдневно се менува, како што културните влијанија се соочуваат со технолошките откритија. Истражувачите во научните лаборатории откриле нови протипи за материјалите, кои имаат функционални цели покрај нивната традиционална улога, на пример, облека која автоматски ја регулира температурата, одбива куршуми, создава слики и произведува електрицитет. Некои практични достигнувања се веќе достапни за потрошувачите како што е облеката отпорна на куршуми, направена со кевлар kevlar, материјали отпорни на дамки кои се обложени со хемиски смеси кои го намалуваат впивањето на течности.

Политички проблеми[уреди]

Услови за работа[уреди]

Safety garb for women workers. The uniform at the left, complete with the plastic "bra" on the right, will prevent future occupational accidents among feminine war workers. Los Angeles, California. ca. 1943.
Image reference: United States Women's Bureau, via the NARA historical fund.

Иако механизацијата ги изменила повеќето аспекти на човечката индустрија до средината на 20-от век текстилните работници продолжиле да работат под предизвикувачки услови, кои бараат постојана физичка работа. Сериското производство на облека е така направено, што некои го сметаат за експлоатација, која се карактеризира со долго работно време, недостаток од предности и недостиг од работна сила. Повеќето примери со такви услови се пронајдени во развиените земји, каде што облеката произведена во индустриските земји исто така може да биде произведена на сличен начин, од страна на имигрантите без документи.

Коалициите на НВО, дизајнерите( Кетрин Хамнет(англ. Katharine Hamnet),Американ Апарел(англ. American Apparel), Вежа(англ.Veja), Квиксилвер (англ.Quiksilver), еВокам(англ.eVocal), Едун(англ.Edun) ), групи за кампањи како Кампањата за чиста облека (англ. Clean Clothes Campaign), се обидуваат да ги подобрат овие услови колку што е можно повеќе со спонзирање настани за подигање на свеста, со што го привлекле вниманието на медиумската и широката јавност за работниците. Производството без снабдувачи, во земјите со ниска плата како Бангладеш, Кина, Индија и Шри Ланка станало можно кога бил укинат договорот ( Multi Fibre Agreement). Договорот , кој поставил контрола врз увозот на материјал, се сметал за заштитна мерка. Глобализацијата често се одредува како единствен фактор кој придонесува за лошите услови за работи на текстилните работници. Иако многу држави признаваат договори како Меѓународната организација на трудот(англ. International Labor Organization), која се обидувала да постави норми за безбедноста и правата на работникот, многу држави направиле исклучок за одредени делови од договорите или не успеале целосно да ги спроведат. На пример, Индија не ги потпишала членовите 87 и 92 од договорот.

Покрај силните реакции кои,, експлоататорите” ги предизвикале помеѓу критичарите на глобализацијата, производството на материјали, фукционирало како доследна индустрија за обезбедување на работа и плати за земјите во развој, за илјадници луѓе, било да е сфатена како експлоататорска или не.


Крзно[уреди]

Употребата на животинското крзно во облеката датира од праисториско време. Моментално се поврзува со развиените земји, со скапа дизајнерска облека иако крзното сеуште се употребува кај домородците во арктичките области и во областите со поголема надморска височина заради нивна топлина и заштита. Неодамна, крзното било во центарот на кампањите, бидејќи активистите го сметале за грубо и непотребно. Американската организација за правата на животните,,PETA’’PETA заедно со другите групи за права на животните и ослободување на животните, повикале за внимание за одгледувањето на крзно и за другите практики кои ти ги сметале за сурови.


Животен циклус[уреди]

Одржување на облеката[уреди]

Облеката трпи напад и однадвор и одвнатре. Човечкото тело губи клетки од кожата и телесни масла, лачи пот, урина, и измет. Оштетувањето од сонцето, влагата, абразијата и нечистотијата ги напаѓаат алиштата однадвор. Болвите и вошките се кријат во рабовите на облеката. Носената облека, ако не е исперена и обновена, предивикува чешање, изгледа изветено и ја губи својата функционалност( како кога ќе паднат копчињата, облеката не се закопчува, материјалите се истенчуваат и искинуваат и патентите откажуваат). Во некои случаи, луѓето носат дел од облека се додека не им се распадне. Чистењето на кожата предизвикува тешкотии, додека пак материјалот направен од кора на дрво, не може да се испере без да да се распушти. Сопствениците може да ги закрпат дупките и цепките, да ја исчеткат валканата површина , но старата облека и облеката од материјал направен од дрво секогаш изгледаат старо. Но поголемиот дел од облеката се состои од материјал, а пак повеќето материјали можат да се пераат и закрпуваат.


Перење, пеглање , чување[уреди]

Луѓето развиле повеќе специјализирани методи за перење, почнувајќи од најраните методи на удирање на алиштата во карпите на потоците кои течеле, па се до најновите методи со машини за перење и хемиско чистење( растварање на нечистотиите во растворувачи). Перењето со врела вода(вриење), хемиското чистење и пеглањето се традиционалните начини за стелиризирање на материјалите, од хигиенски причини. Повеќе видови на облека се така направени да можат да се пеглаат, односно да им се остранат брчките пред да се облечат. Најголемиот дел од модерната формална и полу-формална облека, спаѓа во оваа категорија( на пример, свечените кошули и костуми). Испегланите алишта се смета дека изгледаат чисто, свежо и уредно. Поголемиот дел од денешната секојдневна облека е направена од материјали за плетење, кои не се гужваат лесно и на кои не им е потребно пеглање. Некоја облека е постојано мазна, заштитена со облоги ( како што е политетрафлуоретилен) кој ги намалува брчките а создава мазен изглед, дури и без пеглање. Откако ќе се исперат алиштата или евентуално испеглат, тие вообичаено се закачени на закачалки или пак предиплени, за да останат неизгужвани додека да се облечат. Алиштата се предиплуваат за да може да се складираат позбиено, да се спречи туткањето, да им се зачуваат рабовите или за да се прикажат на подопадлив начин, на пример кога се ставени на излозите од продавниците.

Облека која не се пегла[уреди]

Смолата која се користи за да се направат кошули кои не се брчкаат испушта формалхеид, кој може да предизвика контактен дерматитис кај некои луѓе, но не постојат барања за негово откривање. Во 2008 година (англ.Government Accountability Office) спровела тестирање за формалхеидот во облеката и било откриено дека највисок степен на формалхеид се наоѓа во кошулите и панталоните кои не се гужват. Во 1999 година, едно проучување за ефектот од перењето на формалхеидот покажа дека по 6 месеци перење, 7 од 27 кошули имале ниво над 75 делови од милионот(англ.ppm), што е безбедна граница од директното изложување на кожата.

Крпење на облеката[уреди]

Во последно време, крпењето стана уметност. Прецизен шивач или шивачка може да ги закрпи дупките со конец, расплетените рабовите толку вешто што дупката е речиси невидлива. Кога суровинскиот материјал, вредел повеќе од работната рака, требало да се прошири работната сила со цел да да се спаси материјалот. Денеска облеката се смета за потрошен материјал. Масовното произведување на облека е поефтино од поправката на истата. Многу луѓе купуваат нови парчиња на облека, наместо наместо да трошат пари на крпење. Економичноста сеуште ги заменува патентите и копчињата, со шиење на распарените рабови.

Рециклирање[уреди]

Искористената облека која веќе не се носи може да се користи за јоргани, крпи, ќилими, завои и за многу употреби во домаќинството. Може исто така да се рециклира во хартија. Во западните општества, користената облека најчесто се фрла или се донира во хуманитарни цели. Исто така се продаваат преку пошта, во агенции за облека, на пазари на стара облека и преку онлајн продажба. Искористената облека, често се собира и на индустриско ниво за да биде одделена и испратена за повторна употреба во сиромашните земји.

Постојат многу проблеми околу животниот циклус на синтетиката, кои доаѓаат првично од петрохемикалии. За разлика од природните влакна, нивниот извор не е обновлив и тие не се биоразградливи.


Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Референци[уреди]


Надворешни врски[уреди]