Свети Климент Охридски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Св. Климент Охридски
Икона на св. Климент Охридски
Ученик на св. Кирил и Методиј
Роден(а) 840, непознато
Умрел(а) 916, Охрид
Почитуван(а) во МПЦ, СПЦ, БПЦ
Главно светилиште Плаошник
Слава 27 јули и 25 ноември
Особини глаголица, кирилица
Заштитништво Охрид и Македонија

Свети Климент Охридски (840 - 27 јули 916, Охрид) — македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на св. Методиj бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во тогашна Бугарија[1].

По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, (административно регионот во тогашното царство бил познат како Кутмичевица) каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици. Тој е познат македонски и словенски учител и исто е познат по градот Охрид.

Св. Климент бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на свети Климент, исто така бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.

Мошти[уреди | уреди извор]

Најголемиот дел од моштите на св. Климент се чува во Македонија, во Плаошник, а покрај нив, во Македонија има мошти на св. Климент во Бигорскиот манастир, во Митрополијата во Битола, во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје, во црквата „Св. Климент Охридски“ - Скопје и во Поречкиот манастир. Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија (Бугарија), има дел од моштите со големина на нокот, а во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Пловдив има честица од моштите кои се подарок од МПЦ-ОА во 2008 година. Неговиот череп се чува во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Бер (Верија), во Егејска Македонија. Черепот го зеле двајца монаси за време на пренесувањето на моштите на светецот од охридската црква Св. Пантелејмон, која Турците ја претвориле во џамија, во црквата Мал Св. Климент, а потоа во црквата Св. Богородица Перивлепта. Монасите веднаш ја однесле главата во манастирот во Бер, каде св. Климент Охридски станал монах.[2] Во 1970-тите, една честичка од моштите била однесена и во Рим.

Дела[уреди | уреди извор]

Споменик на свети Климент Охридски во Охрид
Возобновената црква „Св. Пантелејмон“ - Плаошник во Охрид, на местото на книжевната школа формирана од св. Климент. Денес овде се положени моштите на св. Климент.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско-проcветителските, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: св. Ѓорѓи, св. Тома, св. Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Занимливости[уреди | уреди извор]

Во чест на светителот е наречен астероидот 3903 Климент Охридски, откриен во Роженската опсерваторија, Бугарија.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Gerhard Podskalsky: Theologische Literatur des Mittelalters in Bulgarien und Serbien 865 - 1459, C.H.Beck, 2000, ISBN 3-406-45024-5
  • Nikolaos Trunte: Πρός τό σαφέστερον. Zu Reformen in der glagolitischen Schrift www.uni-bonn.de.
  • In: Glagoljica i hrvatski glagolizam, Zagreb, 2004.
  • Животопис на св. Климента, български архиепископ. От Теофилакта, Охридски архиепископ. Превел от гръцки с малки съкращения Д. Матов. Пловдив, 1896, us.archive.org
  • Люба Илиева. Пространното житие на св. Климент Охридски и проблемът за българо-византийския културен синтез. – В: Omnia vincit amor: Юбилеен сборник на НГДЕК в чест на проф. Василка Тъпкова-Заимова. Съст. В. Вачкова и Цв. Степанов. С., УИ, 2008.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Свети Климент, архиепископ Охридски“ (на македонски). http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1641. конс. 6 јануари 2011 г. 
  2. Бранко Ѓорѓевски, „Грчките владици го донесоа черепот на свети Климент Охридски во Софија“, Дневник, година XX, број 6225, сабота-недела, 26-27 ноември 2016, стр. 2.



Државни празници во Република Македонија

Нова годинаПрв ден БожиќПрв ден ВелигденВтор ден ВелигденДен на трудотСв. Кирил и МетодијИлинденДен на независностаДен на востаниетоДен на револуционерната борбаСвети Климент ОхридскиРамазан Бајрам