Бобан Богатиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден Бобан Богатиновски
1971
Куманово, Македонија Македонија
Занимање поет и раскажувач.


Бобан Богатиновски (Куманово, 1971) е македонски поет и раскажувач[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Богатиновски е роден во Куманово, 1971 година. Автор е на книгите поезија: „Луцидни халуцинации“, „Прекрасен ден за умирање“, „Светлината е посилна“,„Барајќи карпа за молитва“ како и на романите „Соба за разговор“, „Коцкар“, „Монотонија“ и "Лет 555". Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Објавувал во сите позначајни литературни списанија. Застапен е во хронолошките прегледи на помладата македонска поезија. Дел од неговата поезија е препеана и објавена на бугарски, романски, словенечки и англиски јазик. Живее и работи во Куманово.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Биографија“ (на македонски). Магор. http://magor.com.mk/avtor.asp?Index=34. конс. 21 декември 2010 г. 
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 42.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]