Венко Марковски
Венко Марковски | ||
![]() | ||
Роден | 5 март 1915 Скопје, Кралство Србија, денес Македонија | |
---|---|---|
Починал | 7 јануари 1988 Софија, НР Бугарија |
Вениамин Миланов Тошев (Скопје, 5 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988), познат под псевдонимот Венко Марковски — македонски и бугарски поет, академик на БАН, драмски писател[1] и еден од основоположниците на современата македонска книжевност.
Животопис

Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ.
Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата „Ъ“ (ер-голем), за коjа тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.
Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилиjата му е интернирана во Кичево.
На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 син му Миле Марковски и неговата фамилиjа биле протерани од Македониjа во Бугариjа.
Во Бугариjа Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Соjузот на бугарските писатели, за член на Бугарската акадeмиjа на науките. Има награди: „Херој на Бугариjа“, „Херој на социјалистичкиот труд“, „Георги Димитров“ и др.
Заради творештвото на бугарски jазик југословенските власти го прогласуваат за предавник на македонскиот народ. По 1975 бил обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБА.[2]
Творештво
Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито, додека бил на македонска страна, и некои песни посветени на Бугарската Комунистичка Партија, откако преминал на бугарска страна.
Освен поезија, Марковски ги напишал историските книги „Преданија заветни“ (историјата на Бугарија од 681 до 9 септември 1944 година во стихови), „Крвта вода не станува“ и други. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва во 1981.
На македонски јазик
Во Бугарија
- „Народни бигори“ (1938, издадена во Софија)
- „Огиноть“ (1938, издадена во Софија)
- „Илиндень“ (1940, издадена во Софија)
- „Луня“ (1940, издадена во Софија)
Во Македониjа
- „Елегии“
- „Гоце“
- „Чудна е Македонија“
- „Гламји“
- „Климе“
- „Над пламнати бездни“
- „Сказна за резбарот“
- „Голи оток - островот на смртта“
На бугарски јазик
- „Орлицата“ (1941)
- „Истината е жестока“ (1968)
- „Легенда за Гоце“ (драма, изведена во Народниот театар „Иван Вазов“)
- „Крвта вода не станува“ (1971, 1981, 2001 - одговор на книгата „Историjа на македонскиот народ“)
- „Преданиjа заветни" (1979)
- „Бунтовни воштеници“, „Вековни врволици“ и „Судбовни маченици“ (Сонетни венци)
- „Голи оток" (2015)
На англиски јазик
- Goli otok - the island of death (1984)
Наводи
Надворешни врски
- Официјална страница на Facebook
- „Огинот“
- „Чудна е Македонија“, 1940
- „На истокот“, 1944
- Goli otok - the Island of Death
- „Крвта вода не станува“
- Пламен Павлов, Покаянието "Крвта вода не станува", Предговор кон книгата на Венко Марковски
- Биографија и песни од Венко Марковски, „Македонски јазик“
- 25 мај 1954 - праизведба на првата македонска опера „Гоце“, либрето Венко Марковски
- „Македонски Фауст“
- Младен Србиновски, „Венко е парадигма за фаустизмот“, Нова Македониjа, Броj 526
- Вени Марковски, „Спомени за дедо ми“, (бугарски)
- Виолета Ачкоска, „Историски и современи македонски парадокси – случајот на Венко Марковски“
- Јулија Митева, „Идејата за јазикот во Македонскиот литературен кружок - естетски и идеолошки аспекти“, (бугарски)
- Крсте Црвенковски, „Случајот со Венко“, Македонски документи
|
- Родени во 1915 година
- Луѓе од Скопје
- Починати во 1988 година
- Починати во Софија
- Македонски литературен кружок
- Македонски писатели
- Бугарски писатели
- Бугарски уметници од Македонија
- Македонски научници во Бугарија
- Членови на БАН
- Делегати на Првото заседание на АСНОМ
- Затвореници на Голи Оток
- Апсолвенти на Софискиот универзитет