Стојан Христов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стојан Христов
Stoyan Christowe- Senator-1964.jpg
Роден/а Стојан Христов
18 август 1898
Кономлади, Костур, Егејска Македонија
Починат/а 26 јануари 1996
Томпсон Хаус, Вест Довер, САД
Занимање писател, публицист, новинар.
Националност Македонец
Жанр македонска етнологија, историја и култура
Значајни делаМојот американски аџилак“, „Ова е мојата земја“ и други.
Сопруг/а Маргарет Христов

Стојан Христов (англиски: Stoyan Christowe, 18 август 1898, Кономлади, Костур, Егејска Македонија24 јануари 1996, Томпсон Хаус, Вест Довер, САД) бил американски писател, новинар, публицист со македонско потекло[1] и сенатор на сојузната држава Вермонт. Стојан Христов бил избран за член на МАНУ и почесен член на ДПМ[2][3].

Биографија[уреди | уреди извор]

Стојан Христов е роден во селото Кономлади, Костурско во Егејска Македонија на 18 август 1898 година. На својата четиринаесет-годишна возраст тој заминува за САД на печалба поради таканаречената „америкоманија“ која ја чувствувал и поради тешката политичко-економска ситуација во Македонија една година пред Првата балканска војна. Во САД бил физички работник во ложарницата на Сент Луис, а потоа и работел на изградбата на железничката линија Монтана - Вајоминг. Во периодот од 1918 до 1922 година тој успеал да ги заврши своите студии на универзитетот „Валпаризо“ во Индијана. Своите студии ги завршил со прекини поради тешката материјална положба и услови на живеење[3].

Откако се стекнал со американското државјанство, се вработил како уредник во весникот „House Organ“ во Чикаго, а потоа се префрлил како новинар во редакцијата на веникот „Daily News“. Две години, од 1927 до 1929 година бил специјален дописник од Балканот. Едно време дури и бил слободен писател во Њујорк. За време на Втората светска војна бил аналитичар и предавач по балканско партизанско движење во воениот департман, Оддел за воени известувања на Пентагон. Во текот на 1952 и 1953 година тој повторно допатувал на Балканот како дописник на северноамериканското новинарско здружение „НАНА“. Тогаш ја посетил Југославија и Македонија како гостин на Друштвото на писателите на Македонија. По враќањето станал сенатор на американската сојузна држава Вермонт со која должност и се пензионирал. Успеал уште еднаш да ја види својата татковина како специјален и драг гостин на македонската држава[3].

Творештво[уреди | уреди извор]

Стојан Христов бил раскажувач и романописец. Романите и расказите можете да ги видите подолу и сите романи се преведени на македонски јазик. Прозата на Христов е реалистична и целата е свртена кон „стариот крај“. Неколку од неговите романи се со историска тематика преку кој се согледува страдалничкиот живот на македонскиот народ под ропство, но и неговите борби и востанија[3].

Романи[уреди | уреди извор]

Стојан Христов е автор на следните романи[4]:

  • „Мара“ (1937 г.),
  • „Оваа е мојата таковина“ (1938 г.)
  • „Мојот американски аџилак“ (1947 г.)
  • „Орелот и штркот“ (1976 г.)
  • „Лавот од Јанина“ (1941 г.)
  • „Невестата на доселеникот“, „Дијалог“, Скопје, 2010.[5]

Раскази[уреди | уреди извор]

Покрај романите, автор е и на следните раскази [4]:

  • „Стариот пчеларник “ (1926 г.)
  • „Камбана “ (1927 г.)
  • „Два роја пчели “ (1927 г.)
  • „Сечко “ (1928 г.)
  • „Кукери “ (1940 г.)
  • „Мечка игра на сред село “ (1930 г.)
  • „Чочек “ (1930 г.)
  • „Таро тапанџијата “ (1930 г.)
  • „Орли на ливадата “ (1929 г.)
  • „Пазарен ден во главниот град на Бугарија“ (1928 г.)
  • „Новата жена на Истамбул “ (1928 г.)
  • „Балканските бездомни веселковци“ (1928 г.)
  • „Црните бегалци на Балканот“ (1929 г.)
  • „Со циганите на Балканот“ (1930 г.)
  • „Низ долината на Балканот“ (1930 г.)
  • „Полуамериканец“ (1929 г.)
  • „Америкоманија“ (1930 г.)
  • „Мојот пријател Слободата“ (1930 г.)
  • „Неприродна натурализација“ (1930 г.)
  • „Зеленоглавец во Сент Луис“ (1947 г.)
  • „Групата од железничката линија на Монтана“ (1947 г.)
  • „Неприродна натурализација“ (1930 г.),

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Taste and Fever of America; Stoyan Christowe, an Immigrant From Macedonia, Writes of This Country With Emotional and Intellectual Ardor, New York Times, September 18, 1938, Sunday
  2. „Стојан Христов на ДПМ“ (на македонски). http://dpmk.org/h.htm. посет. 24 февруари 2010 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Сталев, Георги (1995). Нада Манојловиќ. уред (на македонски). Литература на македонскиот јазик (VII изменето и дополнето издание издание). Скопје: Просветно дело. стр. 167/168. 
  4. 4,0 4,1 „Стојан Христов“ (на македонски). http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=7&pid=26&ppid=233&tid=395. посет. 24 февруари 2010 г. 
  5. Објавен досега непознат роман од Стојан Христов

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]