Македонска книжевност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian language in old cyrillic.svg
„Слогница речовска“

Македонистика
Знаковен јазик
Историја
Книжевност
Регулаторно тело
Дијалекти
Граматика:

Правопис и правоговор:

Етничко знаме на македонците

Дел од серијалот на статии за
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
НОБ (1941-1944)
НОФ (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р. Македонија (1944-1991)
Р. Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

Македонската книжевна историја започнува со основањето на Охридската книжевна школа во Охрид во југозападна Македонија во 9 век со помош на св. Климент Охридски. Карактеристично за оваа книжевна школа е единството на јазични и правописни црти и продолжувањето на кирилометодиевската дејност и традиција. Со помош на Охридската книжевна школа народот го пронашол својот народен, јазичен и културен идентитет. Има повеќе писмени извори од овде како: Добромириевото евангелие, Македонското евангелие на поп Јован, Охридскиот апостол, Битолскиот триод и други.

Периодизација[уреди | уреди извор]

Македонската книжевност е поделена на три големи периоди, кои понатака се делат на уште неколку. Периодите на македонската литература се[1]:

  • Стара македонска книжевност- 9 до 18 в.
    • од христијанизацијата на Македонија до турската инвазија - 9 до 14 в.
    • од турската инвазија до 18 век
  • Нова македонска книжевност- 1802 до 1944
    • преродбенички период
    • револуционерен период
    • меѓувоен период
  • Современа македонска книжевност- 1944 - денес

Стара македонска книжевност[уреди | уреди извор]

Стара македонска книжевност е поим со кој се опфаќа книжевноста на црковнословенскиот јазик од македонската редакција. Старата македонска книжевност е поделена на два поголеми историски периода, пред отоманското завладување на Македонија и за време на отоманската власт на Балканскиот Полуостров. Охрид со својата Охридска книжевна школа, Кратово со својата Кратовска книжевна школа и Лесново со својата Лесновска книжевна школа биле центрите каде се твореле дела на црковнословенски јазик од македонска редакција. Овој период е карактеристичен по својата религиска содржина, како и развојот и формирањето на македонските дијалекти со своите јазични карактеристики, кои почнале да се одделуваат и разликуваат од општословенската јазична практика.

Нова македонска книжевност[уреди | уреди извор]

Новата македонска книжевност е период од историјата и развојот на македонската книжевност кој ги опфаќа 19 и 20 век век. Според периодизацијата на македонската книжевност, овој период започнува во преродбениците во 19 век и трае до Втората светска војна, кога започнува периодот на современата македонска книжевност. Овој период се дели на три мошне важни помали периоди: преордбенички, револуционерен и меѓувоен. Со основањето на новата македонска книжевност, започнало и втемелувањето на современиот македонски јазик. Праксата да се пишува и објавува дела пишани на црковнословенски јазик од македонска редакција постепено се изоставала и започнало да се користи македонскиот народен говор во пишана форма. Оваа пракса е особено видлива и карактеристична за преродбеничкиот период на новата македонска книжевност, каде, меѓу другите, охридскиот, струшкиот, велешкиот, галичкиот, прилепскиот, битолскиот и тетовскиот говор ги исполнуваат страниците на книгите на голем број македонски преродбеници и револуционерни дејци. Периодот на новата македонска книжевност опфаќа плејада значајни личности и столбови на македонската национална книжевност, започнувајќи од Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Партенија Зографски, па преку Крсте Мисирков, Христо Смирненски, Никола Вапцаров, Ѓорѓија Пулевски, па сè до Коста Рацин, Васил Иљоски, Коле Неделковски и многу други.

Современа македонска книжевност[уреди | уреди извор]

Современата македонска книжевност, или книжевноста на македонскиот јазик од завршувањето на Втората светска војна па сè до денес, е еден од најбогатите книжени периоди во историјата на јазикот. Овој период е карактеристичен првично по употребата на стандардниот пишан јазик, а што е поважно и забрзаното збогатување на македонскиот книжевен фонд. Грубо гледано, овој временски период започува од завршувањето на Втората светска војна, некаде во 1943/ 1944 година. Започнувајќи од првата генерација[2] како Славко Јаневски, Владо Малески, Блаже Конески, Стале Попов, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Ѓорѓи Абаџиев, Иван Точко, и другите, па сè до современите Георги Барбаровски, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, Добре Тодоровски, Владимир Мартиновски, Богомол Ѓузел, Радован Павловски, Лидија Димковска, Никола Маџиров, и другите, современата македонска книжевност изобилува со плодни дејци, романописеци, поети, раскажувачи и патеписци. Паралелно со збогатувањето на на македонскиот книжевен фонд, цврсто се втемелила и книжевната критика, која особено се развила со воспоставувањето на вискообразовните институции во слободната македонска држава.

СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ПОЕЗИЈА
ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ
Ацо Шопов 1944 - 1980 Анте Поповски 1955 – 1995
Славко Јаневски 1945 - 1998 Матеја Матевски 1956 - сè уште
Блаже Конески 1945 – 1993 Петре М. Андреевски 1960 - 1999
Гого Ивановски 1946 - 2002 Радован Павловски 1961 – сè уште
Гане Тодоровски 1951 - 1995
СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ПРОЗА
ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ
Јован Бошковски 1947 - 1962 Димитар Солев 1956 - 1998
Славко Јаневски 1950 - 2000 Ташко Георгиевски 1957 - 1998
Владо Малески 1950 - 1990 Томе Момировски 1957 - сè уште
Ѓорѓи Абаџиев 1950 - 1961 Петар Ширилов 1961 - 1988
Коле Чашуле 1950 - 2002 Живко Чинго 1963 -  1989
Јордан Леов 1952 - 1972 Петре М. Андреевски 1964 - 2003
Стале Попов               1953 - 1966 Божин Павловски 1964 - сè уште
Иван Точко 1953 - 1970 Владимир Костов 1967 - сè уште
Симон Дракул 1953 - 1997 Бранко Варошлија 1968 - 1975
Блаже Конески 1955
СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА
ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ
Ванчо Николески 1946 – 1978 Михо Атанасовски 1955 - 2000
Славко Јаневски 1946 - 1996 Видое Подгорец 1956 - 1999
Борис Бојаџиски 1948 – 1958 Јован Стрезовски 1957 - 2011
Лазо Каровски 1946 - 1958 Јован Павловски 1961 - 1998
Неџати Зекерија 1950 - 1982 Стојан Тарапуза 1961 - сè уште
Васил Куноски 1951 - 1987 Ката Мисиркова - Руменова 1964 - 2000
Глигор Поповски 1953 - 1991 Ненад Џамбазов 1966 - 1999
Петко Домазетовски 1966 - 2000

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ristovski, Blaže. Periodizacija na makedonskiot literaturno-kulturen razvoj. Skopje: Macedonian Academy of Sciences and Arts. 
  2. Makedonska lirika.pdf

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Литература

Надворешни врски[уреди | уреди извор]