Томе Момировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Томе Момировски е македонски раскажувач, романописец, есеист, критичар и преведувач.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Момировски е роден на 4 април 1927 година во Кичево. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил главен уредник на списанијата „Иднина“ (Скопје), „Културен живот“ (Белград), на весникот „Млад борец“ (Скопје) и на Радио Скопје, како и уредник на списанијата „Современост“, „Културен живот“ и „Погледи“ во Скопје.

Бил министер за култура на Македонија, претседател на Културно-просветната заедница на Македонија, претседател на Комисијата за култура и уметност на Сојузната конференција на Југославија и др. Член на Македонскиот ПЕН центар и негов почесен потпретседател.

Член на ДПМ од 1957 година и секретар на ДПМ. Автор е на книгите: Стреи и песоци (патописна проза, 1956), Чекори (раскази, 1957), Грешна недела (роман, 1961), Неспокои (раскази и новели, 1969), Години несоници (роман, 1972), Културата, културните вредности и младината (есеј, 1975), Бреслики (повест, 1976), Односи и синтези (есеи и критики, 1978), Културата и просторот (есеи, 1979), Акцијаши (роман, 1982), Вишнеење (драма, 1983), Искована песна (антологија на македонска поезија, 1984), Идеи и творештво (есеи и критики, 1984), Виделина (раскази и новели, 1984), Охридска Талија (монодрама, 1985), Коловратница (раскази, 1986), Културна соработка и заедништво (монографија, 1987), Бела (повест за деца, 1987), Избрани дела (во пет тома, 1987) Крстопати (есеи и критики, 1990), Светлоносецот од Преспа (биографско-есеистичка книга за поетот Мите Богоевски, 1992), Чун (роман, 1992), Ластари (раскази за деца, 1993), Живописана земја (есеистичко патописна проза, 1995), Снежинки (сказни за деца, 1996), По полноќ (роман, 1998) и Младбелина (поезија, 2000).

Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“, „РТВ на СВП“, „Климент Охридски“ и „Мито Хаџивасилев - Јасмин“.

Наводи[уреди | уреди извор]


  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 167 - 168.