4 април
Изглед
Предлошка:Април 2026 4 април — 94-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (95-и во престапна година). Остануваат 271 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1905 | Во Индија земјотрес во близина на Кангра однел најмалку 20.000 животи. |
| 1945 | Втората светска војна заврши на територијата на Унгарија, од каде што Црвената армија ги протера германските војски. |
| 1945 | Во Скопје излезе првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ („Пламен на братството“), прво гласило на албански јазик во Македонија. |
| 1949 | Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Северноатлантскиот пакт (НАТО), со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници. |
| 1968 | Борецот за правата на американците со африканско потекло, Мартин Лутер Кинг е убиен во Мемфис, САД. |
| 1969 | Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умрел по четири дена. |
| 1973 | Во Њујорк, САД официјално e отворен Светскиот трговски центар, целосно разурнат во терористичките напади на Ал-Каеда од 11 септември 2001 г. |
| 1975 | Основан „Мајкрософт“ (Microsoft) од Бил Гејтс и Пол Ален. |
| 1994 | Марк Андерсен и Џим Кларк го основале „Netscape“. |
Родени:
| 186 | Каракала — римски цар (п. 217). |
| 1640 | Гаспар Санз — шпански композитор. |
| 1846 | Лотреамон — француски поет. |
| 1884 | Исороку Јамамото — воен адмирал, јапонски поморски командант (п. 1943). |
| 1913 | Мади Вотерс — американски блуз-музичар. |
| 1914 | Маргарит Дирас — француска писателка, сценаристка и режисерка. |
| 1922 | Васа Пантелиќ — српски и југословенски глумец. |
| 1927 | Томе Момировски — македонски писател. |
| 1932 | Антони Перкинс — американски глумец († 1992). |
| 1932 | Андреј Тарковски — руски режисер и сценарист (п. 1986). |
| 1937 | Лајош Портиш — унгарски шахист. |
| 1941 | Петар Краљ — српски и југословенски глумец. |
| 1943 | Мирсад Фазлагиќ — босански и југословенски фудбалер. |
| 1947 | Салваторе Шарино — италијански композитор. |
| 1948 | Бери Оукли — американски блуз-музичар. |
| 1952 | Гари Мур — северноирски рок-гитарист. |
| 1963 | Бени Грин — американски џез-музичар. |
| 1964 | Бранко — бразилски фудбалер. |
| 1964 | Аким Селмани — поранешен член на ОНА. |
| 1972 | Марко Живиќ — српски глумец. |
| 1976 | Емерсон Фереира — бразилски фудбалер. |
| 1979 | Хит Леџер — австралиски глумец (п. 2008). |
| 1985 | Руди Фернандес — шпански кошаркар. |
| 1987 | Сами Кедира — германски фудбалер. |
| 1988 | Барбара Лазовиќ — словенечка ракометарка. |
| 1993 | Даниел Тајс — германски кошаркар. |
| 1993 | Френк Камински — американски кошаркар. |
| 2003 | Харви Елиот — англиски фудбалер. |
Починале:

| 1617 | Џон Непер — шкотски математичар (р. 1550). |
| 1929 | Карл Бенц — германски автоконструктор, пронаоѓач и инженер (р. 1844). |
| 1931 | Андре Мишлен — француски индустријалец, производител на автомобилски гуми (р. 1853). |
| 1968 | Мартин Лутер Кинг — американски борец за граѓански права и мир (р. 1929). |
| 1983 | Бернард Вукас — хрватски и југословенски фудбалер. |
| 1988 | Славјанка Влахчева — прва современа медицинска сестра во Македонија. |