Прејди на содржината

„Млад Борец“

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Млад Боре“
'
Поранешни уреднициЛилјана Чаловска, Крсте Црвенковски, Ацо Шопов, Борис Миловски, Иван Мазов
КатегорииПолитика
ОсновачАСНОМ
Основано22 декември, 1943
Прв бројмарт 22, 1944; пред 80 години (1944-03-22)[1]
Последен бројмарт 22, 1996 (1996-03-22)
ЗемјаРепублика Македонија
СедиштеСкопје
ЈазикМакедонски јазик
ПорталNone

Млад Борец бил неделен магазин во Социјалистичка Република Македонија, а подоцна и Македонија Во Фуштани на Првиот конгрес на антифашистичката младина на Македонија одржан на 22 декември 1943 година, 288 делегати изгласале потреба од печатење на гласило кое ќе насочува, мобилизира, осознава, гласило кое ќе било неминовна нужност во деновите на сенаордната борба против окупаторите[2].

Поради војната, весникот се печател на разни локации, со големи паузи за да стане двонеделник и на крајот седмичник. „Млад борец“ се смета за своевидно училиште на поголем број новинари, а негови уредници биле познати имиња. Неделникот не успеал да се одржи во годините на транзицијата, и покрај тоа што во осумдесеттите години, со својата отвореност и критички однос, ја разбранувал македонската јавност, станал предвесник, а потоа и еден од носителите на новите демократски процеси кај нас[3].

  1. 70 години од првиот број на „Млад борец“: Заборавен јубилеј Архивирано на 28 март 2014 г. Retrieved 06.05.2018 (Macedonian)
  2. „Млад Борец“. Архивирано од изворникот на 2014-03-28. Посетено на 2020-08-18.
  3. „носителите на новите демократски процеси“. Архивирано од изворникот на 2020-09-07. Посетено на 2020-08-18.