Јован Бошковски
| Јован Бошковски | |
|---|---|
| Роден/а | 25 декември 1920
Скопје, Кралство СХС |
| Починат/а | 10 ноември 1968 (возр. 47) Ерџелија, СР Македонија, СФРЈ |
| Занимање | Писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист, уредник |
Јован Бошковски (Скопје, 25 декември 1920 - Ерџелија, 10 ноември 1968 ) — македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Бошковски бил роден во Скопје, во печалбарско семејство. Уште како дете бил принуден да работи, школувајќи се во вечерните училишта. Бил член на Сојузот на комунистите на Македонија од 1945 година. Работел како уредник во „Нова Македонија“, во списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“ и во издавачката куќа „Македонска книга“, а кратко време работел и во Радио Скопје и во Македонскиот народен театар.[2][3]
Творештво
[уреди | уреди извор]Неговата збирка „Растрел“ (1947) е прва македонска книга раскази. Други негови познати дела се: „Бегалци“ (раскази, 1949), „Блокада“, „Луѓе и птици“ (раскази, 1955) и „Солунските атентатори“ (роман, 1962). Темите за своите раскази најчесто ги црпел од поновото македонско минато и од современиот живот, залагајќи се за психолошки третман на ликовите.[4] Некои од неговите дела се преведени на повеќе јазици, како: словенечки, српскохрватски, албански, унгарски, полски, украински, руски и горнолужички.
Пишувал и сценарија за играни и за документарни филмови. Неговото прво филмско сценарио е за документарниот филм „Жито за народот“ (1947). Автор е на сценаријата за филмовите „Солунските атентатори“ и „Под исто небо“, а се појавил и како соработник на сценаријата за филмовите „Мементо“ и „Републиката во пламен“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 44.
- ↑ „Современост“, ноември-декември 1968, 877 стр.
- ↑ Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 51.
- ↑ Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 51.
| Оваа статија македонски писател е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Родени во 1920 година
- Луѓе од Скопје
- Починати во Ерџелија
- Починати во 1968 година
- Никулци за македонски писатели
- Македонски романописци
- Македонски раскажувачи
- Македонски книжевни критичари
- Македонски филмски критичари
- Македонски преведувачи
- Македонски сценаристи
- Македонски уредници
- Југословенски писатели
- Југословенски книжевни критичари
- Југословенски филмски критичари
- Југословенски сценаристи
- Југословенски уредници
- Добитници на наградата „13 Ноември“