Мементо (филм од 1967 година)
„Мементо“ | |
---|---|
Режисер | Димитрие Османли |
Сценарист | Димитрие Османли Јован Бошковски Ташко Георгиевски |
Главни улоги | Стево Жигон Рената Фрискорн Драги Костовски Нада Гешоска Петре Прличко Предраг Ќерамилац Тодор Николовски |
Жанр | психолошки |
Музика | Бојан Адамич |
Дистрибутер | Вардар филм |
Премиера | 1967 |
Времетраење | 97 мин. |
Држава | ![]() |
Јазик | македонски |
Мементо e македонски игран филм од 1967 година, режија на Димитрие Османли, кој е и еден од авторите на сценариото, заедно со Јован Бошковски и Ташко Георгиевски. Главните улоги ги играат: Драги Костовски, Нада Гешоска, Петре Прличко, Предраг Ќерамилац, Рената Фреинскорн, Стево Жигон и Тодор Николовски. Монтажер е Маја Лазаров, а музиката ја компонирал Бојан Адамич. Фимот трае 97 минути, а снимен е во црно-бела техника, со 35 милиметарска камера.[1]
Кратка содржина[уреди | уреди извор]
Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер (Стево Жигон), германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана (Рената Фреискорн), млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е после неколку години кога Вили Милер диригира концерт на Средбата на солидарноста во Скопје. Тие неколку дена минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на земјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето Гого (Предраг Ќерамилац) за кое ја врзува вистинска љубов.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
- Филмови на Димитрие Османли
- Југословенски филмови
- Македонски филмови
- Филмови на македонски јазик
- Црно-бели филмови
- Филмови чие дејствие се одвива во Македонија
- Филмови чие дејствие се одвива во Скопје
- Филмови со Драги Костовски
- Филмови со Нада Гешовска
- Филмови со Петре Прличко
- Филмови со Стево Жигон
- Филмови со Тодор Николовски
- Филмови од 1967 година