Тодорче Николовски (глумец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодорче Николовски
Роден 16 јануари 1902
Велес
Починал 29 јануари 1999 (97 г.)
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Мис Стон
Мементо
Време, живот
Чорбаџи Теодос
Бог да ги убие шпионите
Илинден
Македонскиот дел од пеколот
Јагне на ражен
Сомнително лице
Занимање глумец

Тодор Николовски - Тодорче (роден на 16 јануари 1902 во Велес - починал на 29 јануари 1999 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тодор Николовски од 1909 година живее во Скопје. Во 1919 година станал член на Народниот театар во Скопје. За време на војната продолжил да работи во театарот, додека во 1944 година заминал во Горно Врановци каде се вклучил во партизанската културно-уметничка група „Кочо Рацин“. Во 1945 година за првпат се пројавил и како режисер.

Во 1947 година настапил на свеченото отворање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја. Член на Македонскиот народен театар бил од 1945 сè до пензионирањето во 1974 година. По повод 45 годишната континуирана уметничка дејност ја добил наградата за животно дело „11 Октомври“. На 85 годишна возраст настапил во јубилејната претстава „Чорбаџи Теодос“ по повод пет децении од нејзината праизведба. Неговите последни улоги ги игра на 91 годишна возраст во филмовите Бог да ги убие шпионите и Македонска сага.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Николовски има остварено бројни филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1949. Мајка Катина ТВ-филм
1952. Фросина ТВ-филм
1955. Молчја ноќ ТВ-филм Поручникот
1958. Мис Стон ТВ-филм Иван
1961. Мирно лето ТВ-филм
1962. Обрачун ТВ-филм
1964. Под исто небо ТВ-филм
1966. До победата и по неа ТВ-филм
1967. Мементо ТВ-филм Таткото на Јана
1967. Македонска крвава свадба ТВ-филм
1968. Брат доктор Хомер ТВ-филм
1969. Републиката во пламен ТВ-филм
1969. Антица ТВ-филм
1970. Крепост ТВ-филм
1970. Балада за орканата ТВ-филм
1971. Понижени и навредени ТВ-филм
1971. Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм
1971. Делба ТВ-филм
1971. Црно семе ТВ-филм
1972. Тапакерата ТВ-филм
1972. Залез зад езерска земја ТВ-филм Петар
1975. Волшебното самарче ТВ-серија
1976. Најдолгиот пат ТВ-филм
1976. Денес треба нешто да се случи ТВ-филм
1976. Хихирику
1977. Нели ти реков ТВ-филм
1978. Златни години ТВ-серија Доне
1978. Белиот ѕид ТВ-филм
1979. Хихирику ТВ-серија
1979. Курирот на Гоце ТВ-серија Бакалот Тоде
1979. Наши години ТВ-серија Старецот
1980. Учителот ТВ-филм
1981. Црвениот коњ ТВ-филм
1982. Илинден ТВ-серија Ставре
1982. Јагне на ражен ТВ-филм Селанец
1982. Јавачи на ветрот ТВ-филм
1983. Ликвидатор ТВ-филм
1984. Јуначко колено ТВ-серија
1984. Хихирику - 5 години ТВ-филм
1984. Нели ти реков ТВ-филм
1984. Исчекување ТВ-филм Дедото
1985. Сомнително лице ТВ-филм Жика
1985. Јазол ТВ-филм
1986-1988. Македонски народни приказни ТВ-серија
1987. Случки од животот ТВ-серија
1987. Трета доба ТВ-филм Ацо
1987. Чорбаџи Теодос ТВ-филм Теодос
1988. Скопски сновиденија ТВ-филм
1988 ТВ Театар ТВ-серија
1990. Трст виа Скопје ТВ-серија Дедото
1990-1991. До, ре, ми ТВ-серија
1992. Време, живот ТВ-филм
1993. Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Гојчин Левата
1993. Македонска сага ТВ-филм

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Todor Nikolovski“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]