Црно семе (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Црно семе“
Црно семе (сцена).jpg
сцена од филмот
Режисер Кирил Ценевски
Сценарист Ташко Георгиевски
Настапуваат Дарко Дамески
Ацо Јовановски
Ристо Шишков
Мите Грозданов
Ненад Милосављевиќ
Воја Мириќ
Дистрибутер Вардар филм
Премиера 1971
Времетраење 89 мин.
Држава СР Македонија СР Македонија
Јазик македонски

Црно семе e македонски игран филм по сценарио на Ташко Георгиевски, а во режија на Кирил Ценевски.

Филмот бил снимен во 1971 година, во времетраење од 89 минути, снимен во вајдскрин техника, во производство на Вардар филм, Скопје и истиот припаѓа на родот на играни филмови од историски жанр.

Овој филм е посебно важен за актерот Дамевски, бидејќи за својата главна улога во овој филм, ја има добиено златната арена за најдобра машка улога во 1971 година во Пула и уште многу други награди. Филмот има добиено многу награди, како наградата „Златна арена“ за режија и најдобра машка улога, „Златен венец“ за најдобро дебитанско остварување доделени во Пула, 1971 година.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

За време на Граѓанската војна во Грција, 1946 година, припадници на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров. Поради своите убедувања и етничкото потекло, некои од нив ги совладуваат сите тешкотии, задржувајќи го своето човечко достоинство. Други, пак, не успеваат во тоа, и наместо очекуваниот спас, доживуваат целосен морален пад. Централни личности се Андон Совичанов, Парис и Христос, кои, секој за себе, претставува индивидуална комплексност на самосвоен лик, што е видливо преку страдањата низ кои минуваат и кои ги означуваат разните димензии на човековиот отпор. Голготата започнува со одземањето на оружјето на Македонците од Егејска Македонија, припадници на кралската војска и со нивно депортирање, најпрвин во воен затвор каде што ги сослушуваат, а потоа, натоварени на брод во тешки и сурови услови, ги носат на пуст и карпест остров. На островот нема вода, така што нудењето и поткупувањето со вода е еден од методите за кршење и уривање на достоинството на жедните затвореници, при што од нив се бара да потпишат изјава за лојалност кон кралот и готовност за откажување од Организацијата. Репресалиите продолжуваат со постојани измачувања, тепања и стрелања на секого што, на каков било начин ќе пружи отпор или ќе покаже непослушност. На Денот на независноста на Грција, од затворениците се бара да ја пеат песната на независноста. Затворениците одбиваат, следи мешаница и бунт, кој завршува неуспешно, при што некои залудно гинат. Андон Совичанов плука во командантот и користејќи момент на изненадување, почнува да бега низ беспаќето на островот, гонет од самиот командант лично. Тоа, воедно, е и крај на филмот.

Улоги[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]