Прејди на содржината

Мите Грозданов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мите Грозданов
Роден(а)14 декември 1943
Струмица, Македонија Македонија
Починал(а)25 ноември 2018(2018-11-25) (возр. 74)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Занимањеглумец
режисер
Активен период1967 - 2018
Познат(а) попо улогата во:
Македонски приказни
Смилевскиот конгрес
Солунски патрдии
Среќна нова '49
Колнати сме, Ирина
Каца
Најдолгиот пат
Црно семе
ДецаБорче Грозданов

Мите Грозданов (роден на 14 декември 1943 во Струмица - 25 ноември 2018 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар во Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во ЈугославијаЗлатен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.

Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остварувал со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Од декември 2008 година, тој станал пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата „Стрниште затвор за жени“, во која што главната улога ја играла глумицата Николина Василевска а во неа се појавила и доајенот на македонското глумиште Соња Каранџуловска.

Филмографија

[уреди | уреди извор]

Грозданов има остварено бројни филмски улоги:[1]

Филмографија на глумецот Мите Грозданов
Год.НазивУлога

|- style="background: Lavender; text-align:center; "

1960-ти
1967Да видам, да видам што да бидам ТВ мини серија/
1968Планината на гневот ТВ-филм/
1969Републиката во пламен ТВ-филм/
1969Прозорци ТВ-филм/
1969Време без војна ТВ-филмСтрајкац (како М. Гроздев)
1969Книга за Јов ТВ-филм/
1970-ти
1971Црно семе ТВ-филмМарко
1972Истрел ТВ-филм/
1973Залез зад езерската земја ТВ-серијаНесторица
1973Сутјеска ТВ-филмЧлен на врховниот штаб
1973Колнати сме, Ирина ТВ-филм/
1973Смилевскиот конгрес ТВ-филмНикола Карев
1975Волшебното самарче ТВ-серија/
1975Светецот од Слатина ТВ-филм/
1976Најдолгиот пат ТВ-филм
1977Итар Пејо ТВ-серијаУлавиот
1979Курирот на Гоце ТВ-серијаЕфтим
1979Наши години ТВ-серијаКјуран
1979Жена од малтер ТВ-филм/
1980-ти
1980Време, води ТВ-филм
1980Учителот ТВ-филм/
1981Црвениот коњ ТВ-филм
1982Едно лето ТВ-серија/
1982Илинден ТВ-серија/
1984Комедијанти ТВ-серијаЏандарот
1985Ајде да се дружиме ТВ-серија/
1986Среќна нова ’49 ТВ-филмИследникот
1986Солунски патрдии ТВ-серијаЈоргос
1986Климент Охридски ТВ-филм/
1984 1987Случки од животот ТВ-серијаВаско
1987Театарче лево ќоше ТВ-филм
1988 1989Македонски народни приказни ТВ-серија/
1989-1993Еурека ТВ-серијаСтариот Михаил Шолохов
1990-ти
1990Трст виа Скопје ТВ-серијаАдам
1990Северна грешка ТВ-филмНачалникот
1990-1991Опстанок ТВ-серијаДоктор
1991Тетовирање ТВ-филм
1991Елелига пепелига ТВ-серија/
1991Болва в' уво ТВ-филм/
1994Пред дождот ТВ-филм
1994-1995Бумбари ТВ-серијаИнспектор Миле
1997Џипси меџик ТВ-филм
1998-2000Македонски народни приказни ТВ-серија
1999Во светот на бајките ТВ-серија
1999Каца ТВ-филмРисте
2000-ти
2000Погрешно време ТВ-серијаПјер
2000-2003Македонски народни приказни ТВ-серија/
2000Големи и мали ТВ-серијаБанката
2002Глужд во времето ТВ-филм/
2003Волци ТВ-филм
2003Митке-Коштан-Гркљан ТВ-филм
2006Мост ТВ-филмМарко
2008Куќен совет ТВ-серија
2008Народни приказни ТВ-серија
2010-ти
2010Македонски стари приказни ТВ-серија/
2014-2017Македонски приказни ТВ-серија/
2016Борба за смрт Краток филмМилојко
2016Болка на Душата ТВ-серијаОвчарот
2016Чудешна средба ТВ-филм
2018Ругање со Христос ТВ-филм
2018Година на мајмунот ТВ-филмХорист
  • 1968 година „Златен Ловорев венец“ на Фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС) за насловната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле
  • Награда „Млад Борец“
  • Награда на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогите Светозар во „Карамазови“ и Иљо М. во „Сенката“
  • Награда за најпопуларно ТВ-лице на "Екран"
  • Сребрена плакета на фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот“
  • 1984 година бил прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“
  • Награда "Ристо Шишков"
  • 2010 Награда за животно дело "Војдан Чернодрински"
  • 2016 година добива награда за најдобра машка улога во филмот "Борба за смрт" на фестивалот за драма во Грција
  1. „Mite Grozdanov“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]