Планината на гневот (филм)
„Планината на гневот“ | |
---|---|
Режисер | Љубиша Георгиевски |
Сценарист | Анте Поповски |
Главни улоги | Ристо Шишков Бранислав Јериниќ Дарко Дамевски Драгомир Фелба Нада Гешоска Петре Прличко Ристо Стефановски Јосиф Јосифовски |
Музика | Тома Прошев |
Дистрибутер | Вардар филм |
Премиера | 1968 |
Времетраење | 81 минути |
Земја | СР Македонија, СФРЈ |
Јазик | македонски |
„Планината на гневот“ ― македонски игран филм од 1968 година, снимен по сценарио на Анте Поповски, а во режија на Љубиша Георгиевски. Главните улоги ги играле: Ристо Шишков, Бранислав Јериниќ, Дарко Дамески, Драгомир Фелба, Нада Гешоска, Петре Прличко, Марија Исаја итн. Монтажер бил Вангел Чамчев, а музиката ја компонирал Тома Прошев. Во 1968 година, на Филмскиот фестивал во Ниш, Дарко Дамески, Ристо Шишков и Мара Исаја биле наградени со специјални награди.[1]
Кратка содржина
[уреди | уреди извор]По Втората светска војнa, социјалистичката револуција и ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е време кога е наложувано на колективизација врз селските имоти. И во Западна Македонија се настојува да се спроведат новите идеи за развој на земјоделското стопанство и на сточарството. Претседател на селската задруга е Стамат (Ристо Шишков), поранешен борец, кој со сиот свој жар и револуционерен елан работи и верува дека колективизацијата е единствен излез за сиромашниот селанец. На својот пат за подобра иднина тој се судира со отпорот на поимотните селани кои тешко се разделуваат од имотот. Наспроти тоа, Стамат се соочува и со решението на Околискиот комитет, планината што им обезбедува опстанок и која што селаните ја сметаат за своја, да му се додели на Дрвниот комбинат. Настојувањето на Стамат решението да се промени е без успех. Тој чувствува дека неговиот револуционерен идеал е брутално изневерен поради нечии бирократски решенија. Во овие околности, Стамат се соочува со вистината дека селаните не му веруваат, но и покрај тоа застанува на вистинската страна.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ↑ Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56, стр. 40-41.
- Македонски филмови од 1960-тите
- Филмови на македонски јазик
- Филмови од 1968 година
- Филмови на Љубиша Георгиевски
- Филмови со Јосиф Јосифовски
- Филмови со Ристо Шишков
- Филмови со Бранислав Јериниќ
- Филмови со Дарко Дамески
- Филмови со Драгомир Фелба
- Филмови со Нада Гешоска
- Филмови со Петре Прличко
- Филмови со Марија Исаја
- Појавено во 1968 година во Македонија
- Појавено во 1968 година во Југославија