Среќна Нова ’49

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Среќна нова '49)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Среќна нова ’49“
Среќна Нова ’49.jpg
плакат за филмот
РежисерСтоле Попов
СценаристГордан Михиќ
НастапуваатПетар Арсовски
Мите Грозданов
Александар Ѓорчев
Мето Јовановски
Душко Костовски
Светозар Цветковиќ
Владица Милосављевиќ
МузикаЉупчо Константинов
МонтажаВангел Чемчев
ДистрибутерВардар филм
ПремиераСФРЈ 27 јуни 1986[1]
Времетраење125 мин[2][3]
128 мин[1]
ДржаваМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
српско-хрватски

Среќна нова ’49 е македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов. Главните улоги ги толкуваат: Петар Арсовски, Мите Грозданов, Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ и Душко Костовски. Тој се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај „Црно семе“ на Кирил Ценевски,[4] што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар.[2] Филмот е добитник е на низа награди и признанија, како: „Големата златна арена за најдобар филм“ на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1986), како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре (1991).[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Сцена од филмот

Основната тема во филмот е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во македонската општествена средина. Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.

Всушност, филмот е приказна за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски (го игра Мето Јовановски) кој како студент се враќа од Советскиот Сојуз за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста (го игра Светозар Цветковиќ) кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Тој шверцува пеницилин и заработува доволно пари:

... Го имам клучот кој ги отвара сите врати ...

Тој покажува наклонетост кон Вера (ја игра Владица Милосављевиќ), девојката на постариот брат додека тој е во затворот, за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, Вера се самоубива. Но, ривалската банда на Бугер (го игра Петар Арсовски) полека ги „средува“ работите во тогашното скопско подземје и Коста, во безизлезна ситуација, се решава да ја напушти земјата и бега на запад. Никој дома не знае каде е заминат и што се случува со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.

Локации[уреди | уреди извор]

Филмот е снимен на повеќе локации: железничка станица во Суботица, скопско Маџир Маало, Буњаковец, реката Треска, Старата скопска чаршија,

Реакции и награди[уреди | уреди извор]

Реакции[уреди | уреди извор]

„Среќна Нова '49“ го означува почетокот и една од врвните точки на „неочеочекуваниот подем на македонската играна продукција“.[2] За Роберт Алаѓозовски, почнувајќи токму од ова дело на Столе Попов, македонскиот филм „сукцесивно ги воведува маргиналните слоеви на македонското општество во центарот на кинестетското интересирање, доловувајќи ја со сите филмски средства нивната глобална слика, прикажувајќи ги нивните светови, сомнежи и стремења, но притоа особено инсистирајќи на субјективното авторско видување на филмската тема“.[5] Филмот бил прогласен за најдобар југословенски филм за 1986 година и бил предложен за југословенски кандидат за Оскар, но сепак, не успеал да влезе во потесниот избор.

Награди[уреди | уреди извор]

Филмот бил награден со повеќе филмски награди, како:[6]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Srećna nova 49 (Среќна Нова '49)“. Filmovi.com. Посетено на 2008-09-16.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Среќна Нова '49“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-15.
  3. „Среќна Нова '49“. Семрежна филмска база на податоци. Посетено на 2008-09-16.
  4. „Црно семе“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-16.
  5. Роберт Алаѓозовски. „Маргиналните слоеви и поновиот македонски филм“. Блесок. Посетено на 2008-15-09. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  6. Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56, стр. 36-37.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

.