Прејди на содржината

Александар Ѓорчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Ѓорчев
Роден 19 ноември 1933
Кавадарци, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 26 јуни 1993(1993-06-26) (возр. 59)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање глумец
режисер
Деца Бранко Ѓорчев

Александар Ѓорчев (роден на 19 ноември 1933 година во Кавадарци – починал во 26 јуни 1993 година во Скопје) — македонски глумец и режисер.

Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1961) и на Театарската академија во Белград (1969). Со професионална глумечка дејност почнал да се занимава во 1954 година, како член на радио-драмата на Радио Скопје. По кратко време поминато во родниот град работејќи со неготинските аматери, кариерата ја продолжил во Народниот театар во Куманово, каде што покрај глума се занимавал и со режија. Настапувал и на сцената на Македонскиот народен театар, потоа бил потоа директор на Домот на културата во Неготино (1954-1962); член на Народниот театар во Куманово (1962-1969); член на Драмскиот театар во Скопје (1969-1993)[1].

Неколкупати е наградуван на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на неколку други високи признанија, „Златен ловоров венец“ на Фестивалот на малите и експериментални сцени, Републичката награда „11 Октомври“ и Наградата на град Скопје „13 Ноември“.

Улоги:

  • Змеј („Јане Задрогаз”);
  • Димитрија („Диво месо”);
  • Борис („Хај-фај”);
  • Кољо („Тетовирани души”);
  • Скапен („Ѓаволштините на Скапен”).

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Филмографија на глумецот Александар Ѓорчев
Год.НазивУлога

|- style="background: Lavender; text-align:center; "

1960-те 
1969Итрата видовица ТВ-филм/
1970-ти 
1970Александра ТВ-филм/
1971Жед ТВ-филм/
1971Мува ТВ-филм/
1973Недела ТВ-серијаСотир
1973ТВ ребус ТВ-филм
1974Брачна понуда ТВ-филм/
1977Големата соба ТВ-филм
1980-ти 
1980Учителот ТВ-филм/
1983Премиера ТВ-филм/
1984Лет во место ТВ-филмКајмакамот
1984Јуначко колено ТВ-серијаЃушбашијата
1984Диво месо ТВ-филмДимитрија
1984Исчекување ТВ-филм
1985Слободан пад ТВ-филм
1985Тетовирани души ТВ-филм
1985Случки од животот ТВ-серијаДоктор
1985Таткото на службен пат ТВ-филмДР. Лјахаоф
1985Дупло дно ТВ-филм
1986Среќна нова '49 ТВ-филмСтојан
1987За трошка среќа ТВ-филм/
1987Хај-фај ТВ-филм
1990-те 
1987-1990Трст виа Скопје ТВ-серија
1991Тетовирање ТВ-филм
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ѓорчев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 505. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]