Ванчо Петрушевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ванчо Петрушевски
Роден 19 април 1951
Скопје
Македонија
Починал 25 август 2018
с. Орешани, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Македонски народни приказни
Трст виа Скопје
Солунски патрдии
Наши години
Хихирику
Каца
Тетовирање
Среќна нова '49
Досие-К
Тврдокорни
Занимање глумец

Ванчо Петрушевски (Скопје, 19 април 1951 — с. Орешани, Скопско, 25 август 2018[1][2]) — македонски глумец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа во Скопје, отсек за глумечки кадри, во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент дошол до израз веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Душан Јовановиќ. Исто така, учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии итн.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски
  • Најпопуларно ТВ-лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година
  • Награда за најдобро глумечко остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“
  • Награда за најдобро глумечко остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ — Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Душан Ковачевиќ
  • Државна награда 23 Октомври за остварување во областа на културата и уметноста  во 2016 година [3]
  • Награда "11-октомври" 2016 година

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1970-ти
1975 Прва вечер ТВ-филм
1977 Пресуда ТВ-филм
1977 Итар Пејо ТВ-серија
1978 Сеќерна приказна ТВ-филм
1979 Наши години ТВ-серија Машиновозач
1980-ти
1982 Илинден ТВ-серија
1983 Записник ТВ-филм
1984 Лет во место ТВ-филм Зографот
1984 Диво месо ТВ-филм Ацо
1984 Го мемираше мојот јастреб ТВ-филм
1984 Хихирику - 5 години ТВ-серија
1984 Камчевци ТВ-серија
1984-1985 Легенди и преданија ТВ-филм
1984-1985 Македонски народни приказни ТВ-серија
1985 На наш начин ТВ-серија
1985 Дупло дно ТВ-филм Јаков
1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија
1985-1986 Крале Марко јунак стана ТВ-серија Суљо
1985 Од зад грб ТВ-филм Селим
1986 Среќна Нова ’49 ТВ-филм Шофер
1986 Солунски патрдии ТВ-серија Сотка
1986 Климент Охридски ТВ-филм Ангелариј
1986-1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1987 Театарче лево ќоше ТВ-серија
1987 Трето доба ТВ-серија
1987 За трошка среќа ТВ-филм Милиционер
1987-1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Цаци
1988 Чук, чук, Стојанче ТВ-серија
1988-1990 Тврдокорни ТВ-серија
1990-ти
1990 Еурека ТВ-серија Цаци
1990-1991 Опстанок ТВ-серија Шумарот Миле
1991 Женски оркестар ТВ-филм
1991 Тетовирање ТВ-филм Жика
1991 Поштар ТВ-филм Иван
1991 Елелига пепелига ТВ-серија
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија
1993 Грев или шприцер ТВ-филм Поштарот Миле
1993-1995 Македонски народни приказни ТВ-серија /
1993 Црно бело во боја ТВ-филм /
1994 Пред дождот ТВ-филм
1994 Прекалени ТВ-серија
1995 Бус за дус ТВ-серија
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1995 Ангели на отпад ТВ-филм Матеј
1995-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија /
1997 Вујко Вања ТВ-филм Телегин
1998 Салон Хармони ТВ-серија Панајот
1999 Хихирику ТВ-серија
1999 Време, живот ТВ-филм Иван
1999 Каца ТВ-филм Полицаец 2
2000-ти
2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Ристе
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2000-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија /
2001 Ноќ спроти Свети Василиј ТВ-филм Попот
2002 Заведени ТВ-серија Попот
2003 Битолски лакрдии ТВ-серија Кондураџија
2004 Хихирику ТВ-серија
2006 Пусто турско ТВ-филм
2006-2009 Македонски народни приказни ТВ-серија
2007 Досие-К ТВ-филм Инспектор Ацо
2007 Цимери ТВ-серија
2007 Патување со рабробил ТВ-филм Чичко Прохор
2007-2010 Народни Приказни ТВ-серија
2008 Куќен совет ТВ-серија
2009 Балкан бенд ТВ-серија Венеса
2010-ти
2010-2012 Македонски народни приказни ТВ-серија
2010 Царската е последна ТВ-филм Советник
2012-2014 Тврдокорни 2 ТВ-серија Бегот
2012-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија
2014 Приказни од животот
2015 Збор ТВ-филм Прв човек
2015-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија /
2017 Вистински приказни ТВ-серија Павле
2018 Мејкинг оф ТВ-филм

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тажна вест“. Архивирано од изворникот на 2018-08-25. Посетено на 2018-08-25.
  2. Официјална страница на Драмски театар Скопје
  3. Објава за државна награда

Надворешни врски[уреди | уреди извор]