Македонски народни приказни (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонски народни приказни
Жанрдрама
Земја на потеклоМакедонија Македонија
Продукција
Времетраење18-40 минути
Прикажување
Првична мрежаМТВ (стари и нови делови), Сител (нови делови) и А1 Телевизија (нови делови)
Првично прикажување1984 - 2003 (стар серијал) и 2009 - 2017 (нов серијал) – ...

Македонски народни приказни се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други). Овие кратки ТВ епизоди беа снимени од страна на ТВ Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.

Актерска екипа[уреди | уреди извор]

Како дел од старата актерска екипа се следните актери:

Некои од старите актери беа дел и од новите сезони снимани во продукција на МТВ и Сител.

Режисери[уреди | уреди извор]

  • Драган Вељаноски
  • Ертил Алтанај
  • Ѓорѓи Стојаноски
  • Љупчо Билбиловски
  • Лазе Паковски
  • Богдан Поп Ѓорчев
  • Душко Ѓорѓиоски
  • Стојан Стојаноски
  • Слободан Деспотовски
  • Миле Грозданоски

Нови сезони[уреди | уреди извор]

Нова сезона во продукција на МТВ[уреди | уреди извор]

На 7 октомври 2009 година започнало снимање на нови делови на серијалот. Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова. Понатака режирањето ќе биде препуштено и на други режисери, меѓу кои и Љупчо Билбиловски. Снимњето е под капата на МТВ и дел од приказните се базирани на македонските приказни собрани од Марко Цепенков[1]. Во новата сезона Македонски народни приказни учествуваат голем број на глумци од старите делови, како и нови македонски актери.

Актерската екипа е[2]:

Првата епизода од новите македонски народни приказни снимани од МТВ се вика „Грнчарот“ и се снимала во едно од студијата на МТВ. Останатите епизоди се снимани во околината на Скопје, како на пример: во дворови во Скопска Црна Гора, кај Св. Пантелејмон, во селото Нерези, во селата Добри Дол и Соње, во Куршумли ан, како и во студијата на МТВ[3].

Нова сезона во продукција на А1[уреди | уреди извор]

Покрај МТВ, македонските народни приказни се снимаат и во продукцијата на А1 Телевизија . Нови приказни досега нераскажани, воглавно од 20 век, со нова актерска екипа, снимани на локации во село Бањани и Чучер .

Актери:
Сценарио:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]