Стојна Костовска
Стојна Костовска | ||
Роден | 31 март 1954 Крива Паланка, ![]() | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Познат | по улогите во: Македонски народни приказни Хихирику Турни ме да Кинисам Курирот на Гоце Големи и мали Преспав | |
Занимање | глумица |
Стојна Костовска (Крива Паланка, 31 март 1954) — македонска телевизиска и театарска глумица.
Стојна Костовска е родена на 31 март 1954 година во Крива Паланка. Дипломирала на Вишата музичка школа, Скопје, на отсекот за глумечка игра во 1978 година. Од 1980 година до нејзиното пензионирање во 2022 година, работела во Македонскиот народен театар — Скопје.
Филмографија[уреди | уреди извор]
Костовска ги остварила филмските улоги:[1]
Година | Филм | Улога |
1976 | Цимерите од соба 306 ТВ-филм | |
1978 | Курирот на Гоце ТВ-серија | Елена |
1979 | Томе од бензинската пумпа ТВ-филм | |
1980 | Двојка ТВ-филм | |
1981 | Првите цутови ТВ-серија | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | |
1984 | Исповед на таксистот ТВ-филм | |
1984 | Хихирику - 5 години ТВ-серија | |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | |
1984 | Другарувања ТВ-серија | Вера |
1985 | Легенди и преданија ТВ-серија | |
1985-1986 | Крале Марко јунак стана ТВ-серија | |
1987 | Чорбаџи Теодос ТВ-филм | Стојанка |
1987 | Театарче лево ќоше ТВ-филм | |
1987 | Ѕвездите од 42-та ТВ-филм | |
1987 | Македонски балади ТВ-серија | |
1988 | Втора смена ТВ-серија | Мајка на Симона |
1988-1993 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1990 | До-Ре-Ми ТВ-серија | Комшиката |
1990 | Алф од Ново Лисиче ТВ-серија | |
1991 | Во кафулето кај Гане ТВ-филм | |
1992 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1994 | Прекалени ТВ-серија | |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
1994-2000 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1998 | Денес утре ТВ-филм | Секретарката |
1999 | Хихирику - 20 години ТВ-серија | |
2000 | Големи и мали ТВ-серија | Важната |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Кате |
2000-2003 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | |
2001 | Агенција Осамени срца ТВ-серија | Бела |
2001 | Народен пратеник ТВ-филм | |
2004 | Хихирику ТВ-серија | |
2005 | Обични луѓе ТВ-серија | Мими |
2008 | Куќен совет ТВ-серија | |
2009-2010 | Село гори, баба се чешла ТВ-серија | Вики |
2010-2013 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2011 | Турни ме да Кинисам ТВ-серија | Вера |
2012 | Трето полувреме ТВ-филм | |
2015 | Цимери ТВ-серија | Докторка |
2017 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2019-2020 | Дајте музика ТВ-серија | Тетка Ленче |
2021-2023 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2021-2022 | Преспав ТВ-серија | Тетката на Томе |
Награди[уреди | уреди извор]
- Награда за најдобра женска улога за улогата на "Стојанка" во претставата "Чорбаџи Теодос" на МТФ "Војдан Чернодрински" Прилеп (1987)
- Награда за ТВ лице на годината според анкетата на "Екран" од емисијата "Хихирику" (2004)
- Награда Васил Иљоски (2021)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Stojna Kostovska“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Стојна Костовска на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)