Верица Ристевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верица Ристевска
Националност Македонка
Познат македонска пејачка
Занимање пејач
Сопружник Љупчо Ангелов
Деца Сретен и Бојана

Верица Ристевскамакедонска пејачка на забавна музика. Одреден период од животот работела и живеела во Копенхаген, Данска заедно со нејзиниот сопруг, познатиот македонски глумец, Љупчо Ангелов.[1] Првиот сценски настап на Ристевска бил на Опатискиот фестивал во 1973 година.

Била членка на групата „Македонија“ заедно со Сашка Петковска ,Даниела Панчетовиќ ,Зорица Попанкова ,Панче Кочовски и Кирчо Поплазаров. Групата била активна од 1975 до 1980 година, во нејзината работна биографија запишани се четири албуми, повеќе од 2.000 концертни настапи надвор од земјата .Во 2006 година го претстави својот прв албум "Летај галебе" кои содржи 18 композиции, кои, како и пред дваесет и пет години така и денес се ненадминливи хитови. Првенчето на Ристевска е печатено во 2.000 примероци, но таа најави дека тиражот ќе се зголеми поради големиот интерес на македонската публика.

Синглови[уреди | уреди извор]

Некои од најголемите хитови на Верица Ристевска се[1]:

  • Летај галебе
  • Ти си песна што ќе трае
  • Признај ми
  • Збогум, збогум Марија
  • Без нежност
  • Штом се сака
  • Ти само збори
  • Лондонска средба
  • Спроти недела во стариот татков дом
  • Грешна љубов
  • За тебе би дала се

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Публиката ме разбира оти пеам од срце“. Посетено на 2011-04-14.[мртва врска]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]