Трајче Ѓоргиев
Трајче Ѓоргиев | ||
Роден | 28 јули 1967 Кочани, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Починал | 3 јуни 2023 Скопје, Македонија | (возр. 55)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Занимање | глумец драмски режисер пантомимичар |
Трајче Ѓоргиев (Кочани, 28 јули 1967 — Скопје, 3 јуни 2023) — македонски глумец и драмски режисер, осбено вклучен во пантомимата.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ѓоргиев дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за актерска игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1991 година.[1] Од 1997 година работел во Македонскиот народен театар (МНТ).
Творештво
[уреди | уреди извор]Во периодот од 1990 до 2010 година, Ѓоргиев играл во повеќе од 40 претстави, во МНТ,[2] дебитирајќи со улогата на Акаст во „Мизантроп“ во 1989 година. Во својата кариера ги играл улогите на Густав во „Надвор од умот“, Пандар во „Троил и Кресида“, Ивковиќ во „Народен пратеник“, Чинели во „Јануари“, Спасе во „Македонска крвава свадба“, Етјен во „Кројач за дами“, Сапорта Робесвјер во „Мисија“, Благоја Ќелавиот во „Немушт јазик“, Виргински во „Демони“, Силјан во „Писание“, Доктор Финаш во „Болва в уво“, Тетин Јаков во „Госпоѓа министерка“, Бу змијата во „Самовилско јајце“, Комесарот во „Подемот и падот на кабарето“, Фридрих Ниче во „Аферата Елсињор“, Лиходеев во „Мајсторот и Маргарита“, Јанушек во „Прекината одисеја“, Бил Остин во „МАММА МIА!“ и Докторот во „Бесачи“.[3] Исто така, од 1991 година почнал да работи и како театарски и видео режисер, претежно како предводник на театарското студио во Културниот центар во Кочани. Во април 2004 година го режирал својот прв настап на малата сцена на Македонскиот народен театар, а подоцна во 2010 година ја режирал „Вишновата градина“ на големата сцена на МНТ. Работел како режисер во Словенија, Србија и Македонија. Во април 2005 година ги режирал и играл во петте пантомими за глумечката претстава „Човекот“ од Марсел Марсо со која ја стекнал титулата магистер по пантомима на Академијата за театар и филм „НАТФИЗ“ во Софија, Бугарија. Ѓорѓиев бил основач, главен двигател на ПАНФИЗ, меѓународниот фестивал за пантомима. Во својата долгогодишна кариера, тој бил добитник на неколку награди, како: „Гран при“ за најдобра претстава и најдобра режија за претставите „Кралот Иби“ „Настојник“ „Домот на Бернарда Алба“ и други; во 2006 година станал добитник на две големи награди за претставата „Човекот“, и тоа: наградата за најдобра сценска игра на фестивалот „Златен рис“ во Бања Лука и наградата на директорите на фестивалот на Меѓународниот фестивал во Габрово, Бугарија.[4]
Филмографија
[уреди | уреди извор]Година | Филм | Улога |
1990 | До-Ре-Ми ТВ-серија | |
1991 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1991 | Еурека ТВ-серија | Хорист |
1992 | Словенски орфеј ТВ-филм | Орфеј |
1992 | Роза Еирихонска ТВ-филм | |
1994 | Прекалени ТВ-серија | Студент |
1994 | Бумбари ТВ-серија | Жта |
1996 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1997 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Здравко |
2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | |
2002 | Звукот на светлината ТВ-филм | Иван |
2003 | Чекор пред времето ТВ-филм | |
2003 | Нежната прашина на заборавот ТВ-серија | Христе |
2004 | Големата вода ТВ-филм | Советник |
2005 | Обични луѓе ТВ-серија | Огнен |
2006 | Нави ТВ филм | Марко |
2010 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2011 | Турни ме да Кинисам ТВ-серија | Митре |
2013 | Тврдокорни ТВ-серија | Коте |
2014 | Приказни од животот ТВ-серија | Атанас |
2015 | Последниот Македонец ТВ филм | |
2015 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2017 | Инсајдер ТВ-серија | Огнен |
2018 | Преспав ТВ-серија | Експертот |
2020 | Хомо ТВ-филм | Полицаец |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ ПОЧИНА АКТЕРОТ ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ, ОСНОВАЧОТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПАНТОМИМА ПАНФИЗ (пристапено на 4.6.2023)
- ↑ „Trajce Gjorgiev“. Pantomime Mime. Посетено на 22 март 2018.
- ↑ ПОЧИНА АКТЕРОТ ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ, ОСНОВАЧОТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПАНТОМИМА ПАНФИЗ (пристапено на 4.6.2023)
- ↑ Почина актерот Трајче Ѓорѓиев (пристапено на 4.6.2023)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Биографија на Трајче Ѓоргиев, Македонски народен театар
- Починати во Скопје
- Родени во 1967 година
- Починати во 2023 година
- Македонски драмски режисери
- Македонски театарски глумци
- Македонски филмски глумци
- Македонски телевизиски глумци
- Пантомимичари
- Глумци во Македонскиот народен театар
- Македонски режисери
- Глумци од Кочани
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“