Снежана Конеска Руси
Снежана Конеска Руси | ||
Роден | 8 декември 1952 Ниш | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Познат | по улогата во: Македонски народни приказни Премиера Големи и мали Вистинска љубов Трето па машко Звукот на светлината | |
Занимање | глумица режисер |
Снежана Конеска Руси (родена на 8 декември 1952 во Ниш) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица и режисер. Снежана Конеска во својата кариера има одиграно поголем број театарски претстави и филмски улоги.
Животопис[уреди | уреди извор]
Снежана Конеска Руси е родена во Ниш, СР Србија, СФР Југославија на 8 декември 1952. Конеска се преселила во Скопје, каде завршила своето основно и средно образование. Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности (1975/ 1976) во класата на Владимир Милчин и Љубиша Георгиевски. Таа била успешен студент и била прогласена за најдобар студент за 1976 година.[1]
Македонската јавност ја запаметува Конеска по своите први улоги и придонеси на Детската радио драма во МРТ, каде била член од 1963 до 1973 година. Од 1972 до 1978 година била водител на Македонското радио. Своите први улоги ги одиграла во 1973 година, а во 1975 година ја добила и наградата за најдобар млад глумец од списанието „Млад борец“. Од 1978 година станала редовен член на Македонскиот народен театар, каде работи до денес. Директор на Македонски народен театар во периот од 2000 до 2004 година. [1] Мајка е на едно дете, ќерка.
Награди[уреди | уреди извор]
Некои од наградите на Снежана Конеска се[1]:
- 1978 награда за епизода за улогата на Слепата девојка во Крчма под зеленото дрво на ТИ Војдан Чернодрински
- 1991 најдобро глумечко остварување за Маргарита во Ричард трети на ТИ Војдан Чернодрински
- 1992 добитник на 13-то ноемвриската награда на град Скопје
- 2019 Награда за животно дело "11-октомври"
Филмографија[уреди | уреди извор]
Година | Филм | Улога |
1973 | Залез зад езерската земја ТВ-серија | Аскина сестра |
1975 | Прва вечер ТВ-филм | |
1980 | Учителот ТВ-филм | |
1983 | Премиера ТВ-филм | |
1983 | Ликвидатор ТВ-филм | |
1985 | Од зад грб ТВ-филм | |
1986 | Климент Охридски ТВ-филм | |
1989-1992 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1990-1991 | Еурека ТВ-серија | |
1991-1992 | Македонски народни приказни | |
1993 | Дајте музика ТВ-серија | Снешка |
1997 | Џипси меџик ТВ-филм | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Лимба |
2000 | Големи и мали ТВ-серија | Директорката |
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | |
2000-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2002 | Звукот на светлината ТВ-филм | Невена |
2002 | Наше маало ТВ-серија | Комшивка |
2003 | Нежната страна на заборавот ТВ-филм | |
2007-2010 | Народни Приказни ТВ-серија | |
2008 | Куќен совет ТВ-серија | |
2011 | Трето па машко ТВ-серија | Рајнето |
2015 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2016 | Вистинска љубов ТВ-филм | Рајна |
2016 | Операција дијамант ТВ-серија | |
2016 | Болка на душата ТВ-серија | |
2016-2017 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2018 | Ругање со Христос ТВ-филм | |
2019-2021 | Дајте музика ТВ-серија | Снешка |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија |
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Биографија на Снежана Конеска - Руси: кариера, улоги, награди Архивирано на 30 јуни 2010 г. на mnt.com.mk
- Снежана Конеска Руси: Мојот сон и јаве – театарот!
- Снежана Конеска Руси на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Биографија на Снежана Конеска - Руси Архивирано на 30 јуни 2010 г. на mnt.com.mk