Иван Каровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Каровски
Роден 1971
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогите во: Македонски народни приказни
Македонија може
Во светот на бајките
Занимање глумец

Иван Каровски (р. 1971 во Скопје) - македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Иван Каровски е роден во 1971 година во Скопје, каде што завршил основно и средно образование. Во 1990 година се запишал на Факултетот за драмска уметност. Отсек за драмски глумци. Се вработува во Театар Колозов, театар на Ѓорѓи Колозов и Шенка Колозова.

Во 1997 година се вработил во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје, како помлад асистент-истражувач. Во 2007 година е избран во звањето асистент истражувач. Денес работи како виш стручен соработник.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Каровски ги остварил филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1991 Македонија може ТВ-филм
1992-1995 Македонски народни приказни ТВ-серија
1993-1994 Еурека ТВ-серија Хорист 1
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм
1994 Прекалени ТВ-серија Суртук
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1995 Бус за дус ТВ-серија
1996 Батко Гого нема Пари ТВ-филм
1996-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ivan Karovski“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.