Ѓорѓи Колозов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓорѓи Колозов
Kolozov 1.jpg
Роден 26 февруари 1948
Богданци
Македонија
Починал 13 октомври 2003(2003-10-13) (возр. 55)
Скопје
 Македонија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Македонски народни приказни
Трст виа Скопје
Занимање глумец
Сопружник Шенка Колозова
Деца Катерина Колозова

Ѓорѓи Колозов (26 февруари 1948 во Богданци13 октомври 2003 во Скопје) — еден од најпознатите глумци во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави на Балканот.

Образование[уреди | уреди извор]

Дипломирал на Академијата за драмска уметност (денес Факултет за драмски уметности), на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

По дипломирањето, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.

Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирката народни преданија издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други. Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците.

Почнувајќи од 1984 година, со серијата која првично била насловена како „Легенди и преданија“, па од 1986 до 2003 година како телевизиска серија „Македонски народни приказни“ во продукција на МРТ, имал снимено околу 300 епизоди.

Во Драмата на Македонскиот народен театар се вработил во 1975 г. На оваа сцена имал остварено позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.[1]

Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар Филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други.

Во 2016 година од страна на Државниот архив на Република Македонија биле објавени документи според кои Ѓорѓи Колозов бил следен од страна на Управата за државна безбедност во времето кога бил студент[2].

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога Белешка
1971 Македонскиот дел од пеколот Игран-филм
1972 Истрел Игран-филм
1973 Смилевскиот конгрес Христо Узунов
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1977 Нели ти реков ТВ-филм 1980
  Учителот
1978 Златни години
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Едно лето ТВ-серија
1983 Записник
1983 Кога тетин Климент шеташе над градот Меанџијата
1984 Исчекување ТВ-филм
1984 Исповед на таксистот ТВ-филм
1984 Јуначко колено ТВ-серија Чакмак-ефенди
1984 Белото Циганче ТВ-серија
1984-1985 Македонски народни приказни ТВ-серија
1984-1985 Легенди и преданија
1985 Случки од животот ТВ-серија
1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија Поце Кокале
1985 На наш начин ТВ-филм
1985 Од зад грб ТВ-филм
1986-1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1987 Случки од животот ТВ-серија
1987 Трст виа Скопје ТВ-серија Ристо Кабџеш
1987 Народни трибуни Васил Главинов
1988 Чук, чук, Стојанче ТВ-серија
1988-1989 Тврдокорни ТВ-серија
1990 Весела математика ТВ-серија
1990-1994 Во светот на бајките ТВ-серија
1990 Еурека
1991 Елелига Пепелига
1991 Поштар ТВ-филм Поштар 1
1991 Опстанок ТВ-филм Селанец
1991 Тетовирање ТВ-филм Лале
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1995 Бус за Дус ТВ-серија
1996 Батко Гого нема Пари ТВ-филм /
1996-2000 Во светот на бајките ТВ-серија
1999 Каца ТВ-филм Трајче
1993-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија
2000 Последниот валцер ТВ-филм Грбавиот
2000-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мазов, Иван (1982) Сцената и Човекот. Скопје: Книгоиздателство Култура, 1-4 том
  2. http://sitel.com.mk

Надворешни врски[уреди | уреди извор]