Нели ти реков (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Нели ти реков“
Сцена од филмот Нели ти реков.jpg
Сцена од филмот
РежисерСтево Црвенковски
СценаристРусомир Богдановски
НастапуваатКоле Ангеловски
Петре Арсовски
Марин Бабиќ
Димитар Гешовски
Мето Јовановски
Ѓорѓи Колозов
Ристо Шишков
МузикаЉупчо Константинов
ДистрибутерВардар филм
Премиера1977
Времетраење97 мин.
ДржаваСР Македонија СР Македонија
Јазикмакедонски

Нели ти реков e македонски игран филм по сценарио на Русомир Богдановски, а во режија на Стево Црвенковски. Монтажер бил Ќемал Османли, а музиката ја компонирал Љупчо Константинов.

Премиерата била одржана во 1977 година.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

По пропаста на Илинденското востание, повеќе разбиени чети продолжуваат да и даваат отпор на турската власт. Опасноста што им се заканува од турските потери е многу помала отколку онаа од врховистичките чети, кои потпомогнати од издајниците, без борба, ги убиваат македонските борци за слобода. Александар Турунџе доаѓа во селото во кое треба да се најде со својат дружина. Молкот во селото го предупредува на претпазливост. И навистина, во куќата во која треба да се најде со своите, ги наоѓа само убиените во ненадеен напад комити. Во исто време, војводата Ѓорѓија и неговата чета се прогонувани од Селим-ага. Комитите успеваат да се извлечат од обрачот на потерата. При повлекувањето низ шумата, тие ги наоѓаат мртвите тела на војводата Геро и неговата дружина, кои се убиени од про-бугарскиот врховистички предавник Грушир, кому сите комити му веруваат, не знаејќи дека тој работи за целите на врховистите. Четата на војводата Ѓорѓи се дели на две групи за да може полесно да го најдат Турунџе. Разговорот помеѓу комитите Јован и Марко, кои решаваат да одат во селото Шарлаганци, го прислушкува еден селанец и тој ги предава на турскиот аскер. При нападот, тие гинат заедно. Другата група се сретнува со војводата Турунџе, кој веќе нема своја чета. Нивниот јатак во селото Мршино им кажува дека е собрана триилјадна војска за да го фати Турунџе. Претпазливоста им наложува на комитите и на обајцата војводи да бидат во постојано движење. Така, минувајки низ шумата, тие ја слушаат песната, која на Селим-ага му ја пее еден негов војник. Тоа е песната која народот ја испеал за војводата Ѓорѓија и Селим-ага. Турските војници не го очекуваат нападот. Во борбата загинува Селим-ага. По овој судир со Турците, постојано во движење, Турунџе и останатите се сретнуваат со последните двајца комити од четата на Методија Патчев, кој заедно со свои седуммина комити одбрале херојски крај, не сакајќи да бидат заробени од аскерот. Една ноќ, комитите бараат засолниште кај Митре Гинков и тој ги задржува во својата куќа. Додека Турунџе и домаќинот Гинков играат табла, домаќинката ги предава на турските војници. Куќата ја опколува аскер. Во магливата ноќ секој од комитите одделно се обидува да се пробие од обрачот. Турунџе е фатен. Врзан го носат во селото. Народот го гледа прочуениот јунак, продаден за 150 жолтици. Војводата Ѓорѓија останува сам со уште двајца свои комити. Тој се враќа во татковиот дом. Еден од селаните му носи порака од Расим-бег, кој порачал дека утредента ќе дојде да го фати војводата. Ѓорѓија и неговите комити пораката ја примаат наполно мирно. Тие се изморени од бегање. Херојската смрт на овие тројца, кои тргнуваат во пресрет на пушките, останува во сеќавањето на народот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]