Благоја Спиркоски-Џумерко
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Благоја Спиркоски - Џумерко | ||
![]() | ||
Роден | 6 февруари 1946 Прилеп | |
---|---|---|
Починал | 11 јуни 2015 Прилеп | (возр. 69)|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Македонски народни приказни Тетовирање Викенд на мртовци | |
Занимање | глумец |
Благоја Спиркоски - Џумерко (Прилеп, 6 февруари 1946 - Прилеп, 11 јуни 2015) — познат македонски театарски и филмски глумец[1].
Животопис[уреди | уреди извор]
Спиркоски е роден на 6 февруари во 1946 година во Прилеп[2] од татко Киро и мајка Марија. Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во тв-драмата „Солунски патрдии“. Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, тв-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година. Починал во Прилеп на 11 јуни 2015 година.[3]
Филмографијa[уреди | уреди извор]

Сцена од филмот „Оловна бригада“ со Благоја Спиркоски - Џумерко во улога на Коста
- 1971: „Македонски дел од пеколот“
- 1972: „Истрел“ (споредна улога)
- 1973: „Добра долина“
- 1977: „Пресуда“ (споредна улога)
- 1977: „Итар Пејо“
- 1980: „Оловна бригада“ (споредна улога)
- 1982: „Илинден“
- 1984: „Нели ти реков“ (споредна улога)
- 1984: „Белото циганче“
- 1985: „На наш начин“
- 1985: „Јазол“ (споредна улога)
- 1986: „Солунски патрдии“
- 1986: „Климент Охридски“
- 1987: „Хај-фај“ (споредна улога)
- 1987: „Трето доба“
- 1987: „Ѕвездите од 42-та“
- 1988: „Некоја чудна земја“
- 1988: „Марка“
- 1990: „Трст виа Скопје“
- 1991: „Опстанок“
- 1991: „Тетовирање“
- 1991: „Македонија може“
- 1991: „Елелига Пепелига“
- 1992: „Заминување од Пасквелија“
- 1992: „Време, живот“
- 1992: „Бог да ги убие шпионите“
- 1994: „Пред дождот“ (споредна улога)
- 1994: „Проколнати“
- 1999: „Време, живот“
- 1991: „Салон Хармони“
- 1998: „На Балканот не се пие чај“
- 2000: „Погрешно време“
- 2000: „Последниот фалцер“
- 2001: „Одмазда“
- 2001: „Прашина“
- 2001: „Ноќ спроти Свети Василиј“
- 2003: „Лото, лото“
- 2003: „Едно од лицата на смртта“ (главна улога)
- 2004: „Како убив светец“ (споредна улога)
- 2005: „Крчма на патот кон Европа“
- 2006: „Тајната книга“
- 2010: „Мајки“
- 2013: „Тврдокорни“
Награди и признанија[уреди | уреди извор]
- 2006 - Награда „Петре Прличко“
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Биографија и галерија на Благоја Спиркоски - Џумерко“. Стар Прилеп. Посетено на 4 јули 2015.
- ↑ „Спиркоски-Џумерко, Благоја“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 1404-5. (2009). Скопје: МАНУ.
- ↑ ТАЖНА ВЕСТ: Почина славниот глумец Благоја Спиркоски-Џумерко
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Синадинов, Стојан (18 март 2015). „Радоста и тагата на Мариовецот — Опширен напис за животот на Благоја Спиркоски - Џумерко низ очите на неговата ќерка“. Теа Модерна. Посетено на 4 јули 2015.
- Благоја Спиркоски-Џумерко на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)