МТФ „Војдан Чернодрински“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Податотека:Statuetka-02.jpg
Статуетка - МТФ „Војдан Чернодрински“

Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ (МТФ „Војдан Чернодрински“) — театарски фестивал основан во 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Првата претстава на овој фестивал се одржала на 4 јуни 1965 година. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драмаВојдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално, фестивалот се одржува секоја година во градот Прилеп во почетокот на јуни. Фестивалот има натпреварувачки карактер и на него се доделуваат награди „Војдан Чернодрински“ во повеќе категории.

39 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2004[уреди | уреди извор]

40 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2005[уреди | уреди извор]

41 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2006[уреди | уреди извор]

42 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2007[уреди | уреди извор]

43 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2008[уреди | уреди извор]

44 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2009[уреди | уреди извор]

Програма[уреди | уреди извор]

Во официјалната програма биле прикажани следниве претстави:


Освен нив, во придружната програма биле прикажани претставите:

Награди[уреди | уреди извор]

На фестивалот биле доделени следниве награди:

  • НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на актерите Љубица Гојковиќ-Николовска и Димитар Костов.
  • НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Владо Ѓоревски - Рафик, за рекламниот материјал за претставата "Последниот ден на Мисирков" во изведба на Народниот театар "Антон Панов" од Струмица.
  • НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Народниот театар - Битола, за претставата "Црна се чума зададе".
  • НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР "ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ" на Филип Мирчевски, за улогата во претставата "Црна се чума зададе".
  • НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Марија Спиркоска - Илиески, за улогата на Амалија Балике во претставата "Тапани во ноќта", во изведба на Народниот Театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп.
  • НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА "ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ" на Бранко Ѓорчев, за улогата на Кајафа во претставата "Свето срце" и за улогата на Гинекологот, во претставата "Кинегонда во Карлаленд".
  • НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Марјан Неќак, за музиката во претставата "Црна се чума зададе".
  • НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Тихомир Спировски, за костимите во претставата "Кинегонда во Карлаленд".
  • НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Тихомир Спировски, за сценографијата во претставата "Тетовирани души".
  • НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Мартин Кочовски, за претставата "Тапани во ноќта".
  • НАГРАДА ЗА ТЕКСТ на Венко Андоновски, за текстот "Кинегонда во Карлаленд".
  • НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Ентон Каца, за драматизација на текстот за претставата "Албански ноќи".
  • НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Билјана Беличанец - Алексиќ, за улогата на Кинегонда во претставата "Кинегонда во Карлаленд".
  • НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Елјеса Касо, за улогата на Сијах Калем во истоимената претстава.
  • НАГРАДАТА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата "Тапани во ноќта", во изведба на Народниот театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп.

45 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2010[уреди | уреди извор]

Податотека:Plakat 2010.jpg
45 МТФ „Војдан Чернодрински“

Програма[уреди | уреди извор]

Во официјалната програма биле прикажани претставите:

Придружна програма[уреди | уреди извор]

Награди[уреди | уреди извор]

  • НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на актерите Ратка Чоревска, Мите Грозданов и Чедо Христов.
  • НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Владо Ѓоревски - Рафик, за рекламниот материјал за претставата "БРАЌАТА КАРАМАЗОВИ", во изведба на Народниот Театар од Битола.
  • НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА за претставата "КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА", во изведба на Театарот "Војдан Чернодрински" од Прилеп.
  • НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР "ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ" на Осман Али, за улогата на Жан во претставата "ГОСПОЃИЦА ЈУЛИЈА", во изведба на Турскиот театар од Скопје.
  • НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Несрин Таир, за улогата на Кристина во претставата "ГОСПОЃИЦА ЈУЛИЈА", во изведба на Турскиот театар од Скопје.
  • НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА "ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ" на Адриан Азири за улогата на Гробарот во претставата "ГЕНЕРАЛ НА МРТВАТА ВОЈСКА", во изведба на Албанскиот театар од Скопје.
  • НАГРАДА ЗА МУЗИКА на "Фолтин" за музиката во претставата "КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА" на Театарот "Војдан Чернодрински" од Прилеп.
  • НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Благој Мицевски, за костимите во претставата "ГЕНЕРАЛ НА МРТВАТА ВОЈСКА" на Албанскиот театар од Скопје.
  • НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Јулија Војкова Најман и Филип Јпваноски, за сценографијата во претставата "КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА", во изведба на Театарот "Војдан Чернодрински" од Прилеп.
  • НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Мартин Кочовски, за претставата "КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА" во изведба на Театарот "Војдан Чернодрински" од Прилеп.
  • НАГРАДА ЗА ТЕКСТ на Горан Стефановски, за текстот "БАХАНАЛИИ" на Театарот "Ј.Х.К Џинот" од Велес.
  • НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Андреј Хинг, за драматизација на текстот во претставата "БРАЌАТА КАРАМАЗОВИ" на Народниот театар од Битола.
  • НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Биљана Драгичевиќ Пројковска, за улогата на Кејт во претставата "ЖЕНАТА КАКО ВОЕНО ПОЛЕ" на Драмски театар - Скопје.
  • НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Огнен Дранговски, за улогата на Аљоша во претставата "БРАЌАТА КАРАМАЗОВИ", во изведба на Народниот театар од Битола.
  • НАГРАДАТА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата "КАВКАСКИОТ КРУГ СО КРЕДА", во изведба на Театарот "Војдан Чернодрински" од Прилеп.

46 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2011[уреди | уреди извор]

46 МТФ „Војдан Чернодрински“

Официјална програма[уреди | уреди извор]

  • "Хамлет" од Вилијам Шекспир, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Драмски театар - Скопје.
  • "Антица" од Ристо Крле, во режија на Бранко Брезовец, а во изведба на НУЦК "Марко Цепенков" - Театар "Војдан Чернодрински" - Прилеп.
  • "Обична приказна" од Марина Ладо, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, а во изведба на Народен театар - Битола.
  • "Нора" од Хенрик Ибзен, во режија на Никола Ристов, а во изведба на НУЦК "Ј.Х.К Џинот" - Велес.
  • "Арапска ноќ" од Роланд Шимелфениг, во режија на Слободан Унковски, а во изведба на Турски театар - Скопје.
  • "Оркестар" од Жан Ануи, во режија на Наташа Поплавска, а во изведба на Албански театар - Скопје.
  • "Спиноза" од Гоце Смилевски, во режија на Зоја Бузалковска, а во изведба на Мал драмски театар - Битола.
  • "Силвија" од Алберт Рамсдел Гурнеј, во режија на Драгана Милошевска, а во изведба на НУЦК "Трајко Прокопиев" - Куманово.
  • "Бесови" од Фјодор Михајлович Достоевски, во режија на Златко Славенски, а во изведба на Македонски народен театар - Скопје.
  • "geNOcid 21" од Љубиша Георгиевски, во режија на Владлен Александров, а во изведба на Драмски театар - Скопје.
  • "Вистинскиот Минхаузен" од Григориј Горин, во режија на Ненад Витанов, а во изведба на НУЦК "Антон Панов" - Струмица.

Придружна програма[уреди | уреди извор]

  • "Среќни денови" од Семјуел Бекет, во режија на Градимир Гоер, а во изведба на Дом на култура „Григор Прличев“ - Охрид.
  • "Свекрва" од група автори, во режија на Софија Ристевска, а во изведба на НУЦК "Ацо Шопов" - Штип.
  • "Дон Жуан се враќа од војна" од Еден фон Хорват, дипломска претстава на студентите по актерска игра на Факултетот за драмски уметности - Скопје, во класата на Владо Цветановски и Мими Таневска.
  • "Џамалари - Дионис" од Тихомир Стојановски, во режија на Страшко Милошевски, а во изведба на Културен центар „Скрб и утеха - Тиха“.
  • "Долго патување во ноќта" од Јуџин О’Нил, дипломска претстава на студентите по актерска игра на Факултетот за драмски уметности - Скопје, во класата на Ељеса Касо.
  • "Оркестар Титаник" од Хрито Бојчев, дипломска претстава на студентите по актерска игра на ЕСРА - Скопје, во класата на Роберт Вељановски.
  • "Мр Балкан" од Стефо Нанцу и Душан Ристевски, во режија на Стефо Нанцу, а во изведба на Австралиско-македонски театар - Сиднеј, Австралија.
  • "Ромео и Јулија" од Вилијам Шекспир, во режија на Лилиа Абаџиева, претстава во чест на наградените, во изведба на Македонски народен театар - Скопје.

Награди[уреди | уреди извор]

  • НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО на актерите Благоја Спиркоски - Џумерко, Трајче Иваноски и Коле Ангеловски.
  • НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Владо Ѓоревски - Рафик, за рекламниот материјал од претставата "ХАМЛЕТ" во изведба на Драмски Театар - Скопје.
  • НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Олга Панго, за претставата "ОРКЕСТАР", во изведба на Албанскиот Театар од Скопје.
  • НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР "ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ" на Никола Пројчевски, за улогата на Петелот во претставата "ОБИЧНА ПРИКАЗНА", во изведба на Народниот театар од Битола.
  • НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Амернис Нокшиќи Јовановска, за улогата на Сузана Делиција во претставата "ОРКЕСТАР", во изведба на Албанскиот театар од Скопје.
  • НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА "ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ" на Владо Јовановски, за улогата на Верховенски во претставата "БЕСОВИ", во изведба на Македонскиот народен театар - Скопје.
  • НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Марјан Неќак, за музиката во претставите "АНТИЦА" на Театарот "Војдан Чернодрински" од Прилеп и "ОБИЧНА ПРИКАЗНА " на Народниот театар од Битола.
  • НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Александар Ношпал, за претставата "АРАПСКА НОЌ" на Турскиот театар од Скопје.
  • НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Валентин Светозарев, за претставата "ОБИЧНА ПРИКАЗНА", во изведба на Народниот театар од Битола.
  • НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Дејан Пројковски, за претставата "ХАМЛЕТ" во изведба на Драмски театар - Скопје.
  • НАГРАДА ЗА ТЕКСТ на Гоце Смилевски, за текстот "СПИНОЗА" на Мал драмски театар од Битола.
  • НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Јелена Жугиќ, за улогата на Хекуба во претставата "ГЕНОЦИД 21" на Драмски театар - Скопје.
  • НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Дејан Лилиќ, за улогата на ХАМЛЕТ во претставата "ХАМЛЕТ" во изведба на Драмски театар - Скопје.
  • НАГРАДАТА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата "ХАМЛЕТ" во изведба на Драмски театар - Скопје.

47 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2012[уреди | уреди извор]

Податотека:Plakat 2012.jpg
47 МТФ „Војдан Чернодрински“

Официјална програма[уреди | уреди извор]

  • "Свадбата на Фигаро" од Пјер - Огистен Карон де Бомарше, во режија на Леван Цуладзе, а во изведба на Македонски народен театар - Скопје.
  • "Со тупаница на ножот" од Аугусто Боал, во режија на Сулејман Рушити, а во изведба на Тетовски театар - Тетово.
  • "Калигула" од Албер Ками, во режија на Зоја Бузалковска, а во изведба на НУЦК „Марко Цепенков“, Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.
  • "Животот на Молиер" од Михаил Булгаков, во режија на Александар Поповски, а во изведба на Македонски народен театар - Скопје.
  • "Полицајци" од Славомир Мрожек, во режија на Андреј Цветановски, а во изведба на НУЦК „Григор Прличев“, Народен театар – Охрид.
  • "Парите се отепувачка" од Ристо Крле, во режија на Александар Ивановски, а во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ - Штип.
  • "Вишновата градина" од Антон Чехов, во режија на Ѕвездана Ангеловска, а во изведба на Народен театар - Битола.
  • "Сексуалните неврози на нашите родители" од Лукас Берфус, во режија на Александра Кардалевска, а во изведба на НУЦК „Антон Панов“, Народен театар - Струмица.
  • "Змеј" од Евгениј Шварц, во режија на Шкипе Н. Дука, а во изведба на Албански театар - Скопје.
  • "Приказната за Шехезерада и Шахријар", според приказните за 1001 ноќ, во режија на Деан Дамјановски, а во изведба на Турски театар - Скопје.
  • "Евгениј Онегин" од Александар Пушкин, во режија на Ѕвездана Ангеловска, а во изведба на НУЦК „Ј.Х.К Џинот“ - Велес.
  • "Генетика на кучињата" од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Драмски театар – Скопје.
  • "Околиска болница" од Христо Бојчев, во режија на Јане Спасиќ, а во изведба на НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово.

Придружна програма[уреди | уреди извор]

  • "Звукот на коските што се кршат" од Сузан Лебо, во режија на Билјана Радиноска, во изведба на Театра - Скопје.
  • "Волшебникот од Оз" од Лиман Френк Баум, во режија на Боњо Лунгов, во изведба на Театар за деца и младинци - Скопје.
  • "4.48 психоза" од Сара Кејн, во режија на Ѓорѓи Јолевски, во изведба на Културен центар „Квартет“ во копродукција со МНТ - Скопје.
  • "Ни ваму ни таму" од Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски, во изведба на НУЦК „Григор Прличев“ - Охрид и Продукција „Видик“ - Скопје.
  • "Љубовникот" од Харолд Пинтер, во режија на Ирена Стеријовска, дипломска претстава на студентите по актерска игра на ЕСРА – Скопје, во класата на Дејан Пројковски.
  • "Пеани" од Тихомир Стојановски и други, во режија на Страшко МИлошевски, а во изведба на Културен центар „Скрб и утеха – Тиха“.
  • "Ах, љубов моја" од Коле Ангеловски, во режија на Коле Ангеловски, а во изведба на Театар „Комедија“ – Скопје (Претстава во чест на наградените).

Награди[уреди | уреди извор]

  • НАГРАДА ЗА ЖИВОТНАО ДЕЛО на сликарот Владимир Георгиевски и актерите Кирил Ристоски, Владимир Светиев и Незакет Али.
  • НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ на Владо Ѓоревски - Рафик, за претставата „ПОЛИЦАЈЦИ“, во изведба на Театарот од Охрид.
  • НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА на Кренаре Невзати, за претставата „ПРИКАЗНАТА ЗА ШЕХЕРЕЗАДА И ШАХРИЈАР“, во изведба на Турскиот театар од Скопје.
  • НАГРАДА ЗА МУЗИКА на Марјан Неќак, за претставата „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ на Народниот театар од Битола.
  • НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА на Елена Дончева, за претставата „ПРИКАЗНАТА ЗА ШЕХЕРЕЗАДА И ШАХРИЈАР“ на Турскиот театар од Скопје.
  • НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА на Кирил Василев, за претставата „ПРИКАЗНАТА ЗА ШЕХЕРЕЗАДА И ШАХРИЈАР“, во изведба на Турскиот театар од Скопје.
  • НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА на Деан Дамјановски, за драматизацијата на романот „1001 НОЌ“ во претставата „ПРИКАЗНАТА ЗА ШЕХЕРЕЗАДА И ШАХРИЈАР“ на Турскиот театар од Скопје.
  • НАГРАДА ЗА ТЕКСТ не се доделува.
  • НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР "ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ" на Александар Степанулески, за улогата на Калигула во претставата „КАЛИГУЛА“, во изведба на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.
  • НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА на Јелена Жугиќ за улогата на г-ѓа Ренате во претставата „ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА“, во изведба на Драмски театар - Скопје.
  • НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА "ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ" на Дејан Лилиќ за улогата на Леоне, во претставата „ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА“, во изведба на Драмски театар - Скопје.
  • НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА на Дејан Пројковски за претставата „ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА“, во изведба на Драмски театар - Скопје.
  • НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА на Билјана Беличанец Алексиќ за улогата на Сара, во претставата „ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА“ на Драмски театар - Скопје.
  • НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА на Никола Ристановски за улогата на Молиер во претставата „ЖИВОТОТ НА МОЛИЕР“, во изведба на Македонски народен театар - Скопје.
  • НАГРАДАТА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА на претставата „ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА“, во изведба на Драмски театар - Скопје.

49 МТФ „Војдан Чернодрински“ - 2014[уреди | уреди извор]

Фестивалот започнал на 6 јуни 2014 година и траел седум дена при што биле прикажани 11 претстави. Жирито на фестивалот го сочинувале: Васе Манчев, Братислав Димитров и Мустафа Јашар. На отворањето на фестивалот, на актерите Снежана Стамеска, Мустафа Јашар и Салаетин Билал им биле доделени наградите за животно дело. Фестивалот започнал со претставата "Хеда Габлер" од Хенрик Ибзен, во режија на Ѕвезда Ангеловска. Во рамките на фестивалот била поставена изложба, организирана по повод стогодишнината од раѓањето на основоположникот на македонската сценографија, Василие Поповиќ - Цицо, на која биле изложени над 100 експонати (сценографски и костимографски скици, карикатури и лични предмети). Исто така, куриозитет на фестивалот било тоа што една од претставите ("Вечната куќа" на Јордан Плевнеш) била прикажана во новиот објект на Македонскиот народен театар во Скопје.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Единаесет претстави на "Војдан Чернодрински" во Прилеп", Дневник, година XVIII, број 5483, четврток, 5 јуни 2014, стр. 21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]