Оловна бригада (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сцена од филмот со Благоја Спиркоски - Џумерко во улога на Коста

Оловна бригада е македонски игран филм од 1980 година, снимен според сценариото и во режија на Кирил Ценевски. Филмот е во производство на Вардар филм и Македонија филм од Скопје, снимен во вајд-скрин техника, во боја и трае 115 минути.

Екипа на филмот[уреди | уреди извор]

Главните улоги во филмот ги толкуваат Коле Ангеловски, Павле Вуисиќ, Миља Вујановиќ, Дарко Дамевски, Миралем Зупчевиќ, Ацо Јовановски, Мето Јовановски, Благоја Спиркоски - Џумерко, Данчо Чевревски и Илија Џувалековски. Снимател на филмот е Драган Салковски, директор на фотографијата е Мишо Самоиловски, а музиката ја напиша Илија Пејовски.

Содржина на филмот[уреди | уреди извор]

Дејствието се случува во зима во една рударска населба. Во рудникот работата се одвива според вообичаениот ритам, но во еден момент злокобното завивање на сирената ја прекинува работата. Тројца рудари, кои доаѓајки на работа од околните села, останале завеани во снежните сметови. Во возилото на рудникот седнува инженерот Лазар и тргнува во потрага. За еден од рударите помошта пристигнува предоцна.

Едно од окната во рудникот, окното 815, е забрането за работа. Во него е наоѓалиштето на талиумовите минерали, потребни за извршување на експериментите со соларна енергија. Инженерот Лазар е млад и принципиелен човек кој ги застапува интересите на рударите. Во Дирекцијата на рудникот, тој зборува за несоодветните работни услови на рударите и за малиот паричен надоместок што тие го добиваат. Во посета на инженерот пристигнува неговата сопруга, која живее во друг град. Нивниот брак нема перспектива. Тој како да претчувствува дека причината за нејзиното доаѓање е интересот за ретките минерали со кои таа тргува.

Во рудникот доаѓа до одрон во еден коп. Рударите се фатени во стапица. Причината за несреќата е експлозијата предизвикана од крадците на ретките минерали. Затрупаните рудари се обидуваат да најдат излез од подземните ходници. Групата се раздвојува и на тој начин уште повеќе се потенцира антагонизмот помеѓу интересите на обичните рудари и интересите на директорот на рудникот, кој исто така се наоѓа во окното за време на несреќата. Тоа е можност да се расчистат некои стари сметки помеѓу него и најстариот рудар Благоја. Конечно рударите го расчистуваат одронот и излегуваат од окното.

Награди[уреди | уреди извор]

  • 1980 ФЈИФ, Пула, Златна арена за снимателска работа на Мишо Самоиловски
  • 1980 ФЈИФ, Пула, награда „Првомајска” за филм со современа тематика
  • 1980 Награда на филмот од рударите од „Раша“, Сребрен медал на CIDALC

Надворешни врски[уреди | уреди извор]