Прејди на содржината

Душко Костовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Душко Костовски
Роден 23 мај 1939
Дебар, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 21 јануари 1995(1995-01-21) (возр. 55)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогите во:
Јагне на ражен
Среќна нова '49
Македонски народни приказни
Време, живот
Жена од малтер
Бог да ги убие шпионите
Трст виа Скопје
Во светот на бајките
Оловна бригада
Театарче лево ќоше
Занимање глумец

Душко Костовски (Дебар, 28 мај 1939 - Скопје, 21 јануари 1995 ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

Костовски се школувал во Скопје. За време на студиите, тој членувал во Драмската секција при Културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Од 1963 година е член на Театарот „Антон Панов“ во Струмица. Во 1970 година, тој дошол во Македонскиот народен театар во Скопје. За својот глумечки ангажман, Костовски имал добиено повеќе награди меѓу кои се и Наградата на Град Скопје - „13 Ноември“ во 1985 како и републичката Награда „11 Октомври“ во 1986 година. На Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1968 година, тој ја добил истоимената награда за глумечко остварување. Во 1986 година на Филмскиот фестивал во Пула, тој ја добил Наградата „Златна арена“ за најдобра споредна машка улога во филмот „Среќна Нова '49“ во режија на Столе Попов.[1]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1970Човекот во црно ТВ-филм
1971Веселиот Иван Гулабин ТВ-филм
1973Залез зад езерската земја ТВ-филмГаврес
1973Смилевскиот конгрес ТВ-филм
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1975Шути и рогати ТВ-серија
1975Јад ТВ-филм
1976Сослушувањето на железничарот ТВ-филмВториот агент
1977Дожливото Сонце ТВ-филм
1977Сакаш уште едно парче торта ТВ-филм
1979Томе од бензинската пумпа ТВ-филм
1979Жена од малтер ТВ-филм
1979Наши години ТВ-серијаНаредникот
1980Оловна бригада ТВ-филм
1980Време, води ТВ-филмКорун
1980Двојка ТВ-филмЦветко
1980Учителот ТВ-филм
1981Милион маченици ТВ-филм
1981Првите цутови ТВ-серија
1981Црвениот коњ ТВ-филм
1982Јагне на ражен ТВ-филмБојан
1982Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1982Илинден ТВ-серијаКусу Гогу
1982Едно лето ТВ-серија
1983Записник ТВ-филм
1983Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ-филм
1983Премиера ТВ-филм
1984Лет во место ТВ-филмПоп Велков
1984Белото циганче ТВ-серија
1984Комедијанти ТВ-серијаУправникот
1984Го мемираше мојот јастреб ТВ-филм
1985Слободен Пат ТВ-филм
1985На наш начин ТВ-серија
1985Од зад грб ТВ-филм
1985Сомнително лице ТВ-филмМилисав
1986Состојба пред инфаркт ТВ-филм
1986Среќна Нова ‘49 ТВ-филмДиле Јоргачев
1987Ѕвездите на 42-та ТВ-филмБогданов
1987Веќе видено ТВ-филм
1987Хај-фај ТВ-филм
1987Театарче лево ќоше ТВ-филм
1987Чорбаџи Теодос ТВ-филмСпиро
1987Трето доба ТВ-серија
1987Трст виа Скопје ТВ-серијаТаткото на Шабан
1988Скопски сновиденија ТВ-филм
1989Соба 2 ТВ-филм
1989Собирен центар ТВ-филмМарко
1989Мугра ТВ-филм
1989-1990Еурека ТВ-серијаЈакоб Фројт
1989-1993Тврдокорни ТВ-серијаСтражар
1991Македонски народни приказни ТВ-серија
1991Во кафулето кај Гане ТВ-филмВаштак
1991Македонија може ТВ-серија
1992-1995Македонски народни приказни ТВ-серија
1992Време, живот ТВ-филмБоко
1993Бог да ги убие шпионите ТВ-филмОрхан
1994Прекалени ТВ-серијаДаскалот Потоле
1995Ангели на отпад ТВ-филмЧовекот
1995Во светот на бајките ТВ-серијаСоветник

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]