Среќна Нова ’49

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Среќна нова ’49“
Среќна Нова ’49.jpg
плакат за филмот
РежисерСтоле Попов
СценаристГордан Михиќ
НастапуваатПетар Арсовски
Мите Грозданов
Александар Ѓорчев
Мето Јовановски
Душко Костовски
Светозар Цветковиќ
Владица Милосављевиќ
МузикаЉупчо Константинов
МонтажаВангел Чемчев
ДистрибутерВардар филм
ПремиераСФРЈ 27 јуни 1986[1]
Времетраење125 мин[2][3]
128 мин[1]
ДржаваМакедонија Македонија
ЈазикMакедонски
Српско-хрватски

Среќна нова ’49 е македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов. Главните улоги ги толкуваат: Петар Арсовски, Мите Грозданов, Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ и Душко Костовски. Тој се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај „Црно семе“ на Кирил Ценевски,[4] што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар.[2] Филмот е добитник е на низа награди и признанија, како: „Големата златна арена за најдобар филм“ на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1986), како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре (1991).[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Сцена од филмот

Основната тема во филмот е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во македонската општествена средина. Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.

Всушност, филмот е приказна за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски (го игра Мето Јовановски) кој како студент се враќа од Советскиот Сојуз за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста (го игра Светозар Цветковиќ) кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Тој шверцува пеницилин и заработува доволно пари:

... Го имам клучот кој ги отвара сите врати ...

Тој покажува наклонетост кон Вера (ја игра Владица Милосављевиќ), девојката на постариот брат додека тој е во затворот, за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, Вера се самоубива. Но, ривалската банда на Бугер (го игра Петар Арсовски) полека ги „средува“ работите во тогашното скопско подземје и Коста, во безизлезна ситуација, се решава да ја напушти земјата и бега на запад. Никој дома не знае каде е заминат и што се случува со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.

Локации[уреди | уреди извор]

Филмот е снимен на повеќе локации: железничка станица во Суботица, скопско Маџир Маало, Буњаковец, реката Треска, Старата скопска чаршија,

Познати дијалози[уреди | уреди извор]

„- Си се прочул ептен набрзина. Кажујат све си можел.

- Шо треба?

- Пеницилин!

- Ијам.

- Кога?

- У секоје време на мој терен.

- Ха, ха. Шо е твој терен? Нов си, не знам.

- Водно, кај кршот, сабајле у 7.00

- Шес комада.

- Ијам. Два сома. Ампула.

- Шо?

- Ако ти чини, прав „американец“.

- Платено.“



„- Касните.

- Ги имаш стварите?

- Седите.

- Брзаме.

- Прав „американец“.

- Стварно све си можел. Исплати му!“




„- Повелете друже Јоргачев,...столчето...

- Абе сто пути сум ти рекол дека можам и сам. Не туку се плеткај околу мене!“




„- Сервус чичко Диле. Си поранил на кркушки. Нервоза, а?

- А кој си ти?

- Коста Ковачевски, на Стојан каменорезецот. Беше кај тебе.

- Да. Беше.

- За мене можеби не се сеќаваш, последен пат се видовме во Април 41 кога ми ги пенчетираше кондурите на вересија, како и на цело маало. Сила беше тогаш.

- Од далеку ги почнујеш работите. За брат ти ли дојде?

- Те барав во канцеларија, не ме пуштија да примирисам. Велат зафатен е дење-ноќе, таму и си спиел.

- И?

- Речи ми саме едно чичко Диле, како му се пише?

- Му кажав и на татко ти. Работата се испитује.

- Сакам да знам што ќе биде со брат ми, не може да незнајеш.

- Не знам. Слушај дете. Цел месец бело видело не сум видел. Работам по 24 саати на ден. Сега најдов некоја минутка да се издишам, а ти од небо па у ребра. Па што сакате бе, да му ибам мајката, у лајна е брат ти до гуша. На него е падната тешка сумња. Се појави и сведок кој го терети дека бил заједно заврбуван со некој. Сега таа изјава ја проверујат. Ако е крив ќе наебе. Стаљин ни ја крши кичмата, сами сме, руски тенкови се на граница. Тука милост нема. Слушај синко, трошка надеж да немате, мислам дека заглаил. Доста ли е? Нели е поштено мајката? Ај сеа сервус.

- Поштено. Сервус.

- Еј сервус! Услуга за услуга. Тргни ми го оној од ондека, малер ме бие!“



„- Бугер, требе ли овој да живее?

- Требе, ама има еден услов.

- Кој е тој услов прашује Пемба.

- Да добије нешто од нас за успомен.

- Кај си бе курле? Те чекаме 4 недели...пријатељ. Еднаш се измкна, али овој пат тешко.

- Ќе убијам!

- Ако стигнеш.

- Го знаеш ли овој, Пиги? Пемба из Ниш. Корне нокти.

- Ајде бе доста паламудиме, да свршиме работа и да бегаме.

- Тако је.

- Еве ја успонемната што од сеа ќе ја носиш за дуго сечање на овој сусрет. Уместо едното ноџе, хммм... Полесно ќе се збори со тебе ако ни го оставиш твоето лево ноџе.

- Што му јебеш матер, кажи му да че да буде чопав и тачка.

- Пазете, јас не кршам нозе, јас убијам!

- Ја идам на женската, вие двајца на него.“




„- Здраво Курбла! Здраво Пиги! Нешто нѝ е љут.

- Нејќе да каже здраво.

- Ќе пукам!

- Јок. Другар ти Толе сврши работа.

- Ах, извини Пиги, морално беше. ...ох...

- Ти текнује за штакава? Има да чопам како шатка за цел живот. А, и овие имаат нешто за зимање.

- Знам.

- Добро е што знаеш. Право да ти кажам брат, криво ми е што стана вака. Боље ќе беше да станеме ортаци. "Бугер & Курбла ltd". Еби му мајката. Судбина. А, ти си крив, за цело време нè запостављаше. И се курчеше.

- Ајде бе работи, не јади гомна, ќе настинам.

- Добро. Кај си бе?

- Овде сам.

- Знајеш што е ова?

- Клозетска цевка.

- Цевка од олово. Со денови сме седеле и мислеле како да те спичкаме. Ко мајка му на овој Пемба из Ниш, го знаеш. Страшна женска, ѝ текна: гоманрот со гомнарски цевки! Она така и мажот ѝ, очувот на Пемба го спичкала.

- Јесте. Тако је.

- Доџи овамо! Доџи овамо бре, што си застануо? Ајде, земи цевку и работи!“

Реакции и награди[уреди | уреди извор]

Реакции[уреди | уреди извор]

„Среќна Нова '49“ го означува почетокот и една од врвните точки на „неочеочекуваниот подем на македонската играна продукција“.[2] За Роберт Алаѓозовски, почнувајќи токму од ова дело на Столе Попов, македонскиот филм „сукцесивно ги воведува маргиналните слоеви на македонското општество во центарот на кинестетското интересирање, доловувајќи ја со сите филмски средства нивната глобална слика, прикажувајќи ги нивните светови, сомнежи и стремења, но притоа особено инсистирајќи на субјективното авторско видување на филмската тема“.[5] Филмот бил прогласен за најдобар југословенски филм за 1986 година и бил предложен за југословенски кандидат за Оскар, но сепак, не успеал да влезе во потесниот избор.

Награди[уреди | уреди извор]

Филмот бил награден со повеќе филмски награди, како:[6]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Srećna nova 49 (Среќна Нова ’49)“. Filmovi.com. конс. 2008-09-16. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Среќна Нова ’49“. Македонски Информациски Филмски Центар. конс. 2008-09-15. 
  3. „Среќна Нова ’49“. Семрежна филмска база на податоци. конс. 2008-09-16. 
  4. „Црно семе“. Македонски Информациски Филмски Центар. конс. 2008-09-16. 
  5. Роберт Алаѓозовски. „Маргиналните слоеви и поновиот македонски филм“. Блесок. конс. 2008-15-09. 
  6. Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival 56, стр. 36-37.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

.