Роберт Алаѓозовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роберт Алаѓозовски
Robert Alagozovski.jpg
Министер за култура на Република Македонија
На должноста
1 јуни 2017 – 4 јуни 2018
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Зоран Заев
Претходник Елизабета Канческа Милевска
Наследник Асаф Адеми
Лични податоци
Роден(а) 27 октомври 1973 (1973-10-27) (46 г.)
Струмица, Југославија
Партија СДСМ
Деца 2

Роберт Алаѓозовски (27 октомври 1973 во Струмица) — македонски есеист, раскажувач, критичар и преведувач.[1] Во периодот од 1 јуни 2017 до 4 јуни 2018 година бил Министер за култура на Република Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Алаѓозовски е роден на 27 октомври 1973 година во Струмица. Магистрирал на катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје (на тема „Теориско-поетички аспекти на македонската постмодернистичка проза“. Автор е на: зборникот уметнички и неуметнички текстови „Флорилегиј“ (во издание на Блесок); преку 150 рецензии, критики, есеи, прилози и дузина студии од областа на филмот, литературата, театарот и од интердисциплинарни теми, објавени во повеќе весници и списанија; неколку преводи на текстови и книги.

За својата работа и залагање ги има добиено следниве признанија: награда на поетскиот фестивал „Поткозјачки средби“, Куманово (1994); откупна и втора награда на Конкурсот за краток расказ на „Студентски збор“, (1996 и 1997 година). Застапен е во антологијата на краток расказ на Катица Ќулавкова „Царски Рез“.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Елизабета Канческа Милевска
Министер за култура
1 јуни 2017 - 4 јуни 2018
Наследник
Асаф Адеми