Арбен Таравари
Арбен Таравари | |
---|---|
Градоначалник на Општина Гостивар | |
На должноста 29 октомври 2017 – во служба | |
Претходник | Невзат Бејта |
Министер за здравство | |
На должноста 1 јуни 2017 – 29 октомври 2017 | |
Премиер | Зоран Заев |
Претходник | Никола Тодоров |
Наследник | Венко Филипче |
Лични податоци | |
Роден(а) | 7 април 1973 Гостивар, СР Македонија |
Партија | Алијанса за Албанците |
Деца | 2 |
Установа | Св. Кирил и Методиј |
Професија | невролог |
Арбен Таравари (7 април 1973 во Гостивар) — македонски лекар и поранешен министер за здравство во владата од 2017. Средно медицинско училиште завршил во „Панче Караѓозов“ во Скопје, а дипломирал на медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998. Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест. Во 2016 бил претседател на одделот на екстрапирамидални болести при универзитетската клиника за неврологија, а бил член на одборот на меѓународните медицински списанија „Медикус“ и „Vox Medici“. Таравари е оженет и е татко на две деца. Говори албански, македонски, турски, англиски, и српски јазик.[1]
На локалните избори во 2017 година Таравари станал градоначалник на Општина Гостивар, победувајќи го својот против-кандидат од редовите на ДУИ Невзат Бејта.
Книги[уреди | уреди извор]
- „Мигрени, главоболки и болни синдроми“ (2016)
- „Практикум по неврологија“ (2014)
- Клинички и генетски наоди кај болни со идиопатска Паркинсонова болест, докторска дисертација (2011)
- Клиничко-епидемиолошка студија на паркинсонизмот во Скопје: магистерски труд (2006)
- Фармако тераписки прирачник (2006)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Арбен Таравари – министер за здравство A1on.mk (01.06.2017)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Профил на Арбен Таравари на ДР-ДПА (албански)
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Никола Тодоров |
Министер за здравство јуни – октомври 2017 |
Наследник Венко Филипче |
|